Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Палачинки со сирење и шунка - одлична идеја за викенд појадок

Палачинките се секогаш одличен избор за појадок, вечера, ужина или десерт. Но, дали сте вие од оние луѓе кои повеќе сакаат солени отколку слатки палачинки?

palachinki-so-sirenje-i-shunka-odlichna-ideja-za-pojadok-01.jpg

Ако солените палачинки се ваш избор, тогаш мора да го пробате овој рецепт уште денес.

Разликата меѓу нив и обичните палачинки е во тоа што наместо да им ставате фил по желба - солените состојки ќе ги ставите во самото тесто.

Дали ви се допаѓа оваа идеја?

Потребни состојки:

  • 200g брашно
  • 400ml млеко
  • 100g сирење
  • 100g шунка
  • 3 јајцa
  • 20g шеќер
  • 15ml масло
  • 5g сол
  • Магдонос по вкус (или каков било зелен додаток - праз, млад лук или кромид, спанаќ...)

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад измешајте ги јајцата со шеќерот и солта.
  • Додадете половина од млекото и брашното, па измешајте за добиете мазна смеса.
  • Потоа додајте го преостанатото млеко, маслото, сирењето и шунката (кои треба да ги изрерндате) и зеленото растение (ситно сечкано).
  • Пржете ги како што ги пржите и обичните палачинки, а потоа свиткајте ги без да ставите никаков додаток внатре.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена) Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус. Еден од триков...
Рецепт за мини палачинки со Нутела – ги обожаваат и децата и возрасните Како да ги подготвите популарните мини палачинки со Нутела, на кои децата не мож...
Брзи цвет банички со спанаќ и сирење Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...
Протеински појадок за енергетски почеток на денот Омлет со неколку видови зеленчук и фета сирење е одличен избор за да го почнете ...
Рецепт за јајца Бенедикт - омилениот бранч оброк Јајца Бенедикт се едно од најпопуларните јадења за доцен појадок или за бранч (о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg