Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 идеи за храна со која ќе ја украсите велигденската трпеза

Велигденската трпеза е веќе подготвена, но, како да ви недостига нешто за да ја збогатите (барем визуелно)? Овие 3 идеи се одлични, а се подготвуваат „за час“. 

3-idei-za-hrana-so-koja-kje-ja-ukrasite-veligdenskata-trpeza-01_copy.jpg

Зготвивте сè за велигденската трпеза, ги обоивте јајцата и ви остана само уште да ја наредите храната на масата и да седнете со семејството на празничен ручек.

Но, ако имате малку време, а сепак сакате ја збогатите самата трпеза (и со храна и визуелно), тогаш ви предлагаме да направите една од овие три идеи - не одземаат многу време, па  состојките за нив сигурно веќе и ги имате дома.

„Пилиња“ со морков

Потребни состојки:

  • 300g крем сирење
  • 150g шунка
  • 80g потпечен сусам
  • Сол по вкус
  • 2 моркова
  • зрна бибер

3-idei-za-hrana-so-koja-kje-ja-ukrasite-veligdenskata-trpeza-03.jpg

Начин на подготовка:

  • Измешајте ги крем сирењето, шунката рендана на ситно, потпечениот сусам и посолете по вкус.
  • Кога ќе ја соедините убаво смесата направете топчиња.
  • Изрендајте ги морковите на ситно, па извалкајте го секое топче во нив.
  • Ставете зрна бибер како очи на пилето и направете клун од морковот (како во видеото).
  • Оваа количина е доволна за околу 12 топчиња.

Видео постапка:

Уште две на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Лесен и вкусен ролат полнет со варени јајца (кои сигурно ви останале по Велигден) Се прави од готово лиснато тесто, а се полни со кашкавал, салама и варени јајца ...
За велигденската трпеза: Гнезда од кадаиф полнети со Нутела и чоколадни јајца Овие тартови кои наликуваат на гнезденца со јајца се прават многу брзо и лесно, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg