3 брзи рецепти што се прават во микробранова, за кога не ви се готви
Пица лепчиња или мешан зеленчук, и колач во шолја за десерт – во микробранова печка можете да направите цел оброк.
Ако не ви се „виси“ над шпорет или немате многу време, можете да си направите вкусен и хранлив оброк во микробранова.
Три рецепти за микробранова што треба да ги пробате:
Пица лепчиња во микробранова
Потребни состојки:
- 3 парчиња леб
- Неколку парчиња сувомеснато по ваш избор
- 1 домат со средна големина
- 50g кашкавал
- 1-2 лажички маслиново масло
- 2-3 маслинки
Начин на подготовка:
- Изрендајте го кашкавалот, а доматите и маслинките исечете ги на кругови.
- На парчињата леб ставете маслиново масло (или путер).
- Ставете го сувомеснатото на парчињата леб, па маслинките и доматите и додајте го ренданиот кашкавал.
- Ставете ги лепчињата во микробранова на 800W, околу 2-3 минути или додека кашкавалот да се стопи.
Мешан зеленчук во микробранова
Потребни состојки:
-->
-->
- 3 компири со средна големина
- Половина морков
- 1 помал кромид
- 1 помала тиквичка
- 1 бабура
- 1 чешне лук
- 2 лажици вода
- 1 лажица масло
- Сол и бибер по вкус
Начин ан подготовка:
-->
- Излупете ги компирите и исечете ги на мали парчиња.
- Ставете ги во сад за микробранова, додајте две лажици вода, покријте го садот и ставете ги во микробранова – 5 минути на 750W.
- Исечкајте го останатиот зеленчук, освен лукот и доматот, на парчиња колку компирите.
- Додајте го исечканиот зеленчук во садот со компири, покријте го и гответе уште 5 минути на 750W.
- Исечкајте ги лукот и доматот и додајте ги во садот со зеленчук.
- Измешајте сè со масло, сол и бибер, па ставете го садот покриен во микробранова уште 5 минути на иста моќност.
Мини колач во шолја
Потребни состојки:
- 1 јајце
- 3 лажици млеко
- 1-2 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1/2 лажичка ванилин шеќер
- Прстофат сол
Начин на подготовка:
- Со маталка измешајте ги јајцето, шеќерот и солта.
- Додајте го млекото и продолжете со мешање.
- Додајте ванилин шеќер, прашок за печиво и брашно и мешајте додека смесата не стане хомогена. Тестото треба да биде густо.
- Во шолја погодна за микробранова (од 350ml или поголема) ставете малку масло и размачкајте го, па истурете го тестото.
- Ставете ја шолјата во микробранова околу 3-4 минути, на 800W.
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството
Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни
За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...