Предлог идеи за ужинки за деца, додека се на распуст

Оризови галети, тестенини… Овие рецепти ви нудат различни експериментирања во согласност со желбата и вкусот на вашето дете. Откријте ги и инспирирајте се!

predlog-idei-shto-da-im-podgotvite-na-decata-kako-uzhinka-za-na-uchilishte-01_copy_copy_copy.jpg

За време на зимскиот распуст родителите често имаат чувство дека целиот ден им поминува во готвење: појадок, ручек, вечера, ужинки...

Најчесто се повторуваат некои исти рецепти, а доколку периодов сакате да внесете некое поинакво мени, тогаш погледнете ги овие неколку идеи кои имаат „простор“ за комбинирање по желба и вкус на вашето дете.

Што можете да им подготвите на децата како ужинка меѓу оброците?

Оризови галети со хумус и краставица

За подготовка на оваа ужинка, изберете оризови галети, па премачкајте ги со хумус.

Одгоре ставете исечкана свежа краставица, а по избор може да ставите и домат, спанаќ или каков било друг зеленчук што го обожава вашето дете.

predlog-idei-shto-da-im-podgotvite-na-decata-kako-uzhinka-za-na-uchilishte-02_copy.jpg

Оризови галети со џем по избор

Ако детето повеќе избира благи ужинки, тогаш оризовите галети искористете ги во оваа блага варијанта.

Едноставно, премачкајте ги со омилениот џем, а потоа врз нив може да ставите исечкани ореви, бадеми, лешници …

predlog-idei-shto-da-im-podgotvite-na-decata-kako-uzhinka-za-na-uchilishte-03.jpg

Енергетски топчиња со овес и путер од кикиритки

Ставете овес, путер од кикиритки и суви сливи во блендер.

Блендирајте добро, постепено додавајќи по малку вода, за смесата да не биде премногу сува.

По желба, додајте мед, а од така добиената смеса, формирајте мали топчиња.

predlog-idei-shto-da-im-podgotvite-na-decata-kako-uzhinka-za-na-uchilishte-04.jpg

Сендвич од палачинки

Направете мини американски палачинки, па комбинирајте ги по желба: во блага или солена варијанта.

За солена варијанта, може да намачкате путер и да комбинирате со омилениот зеленчук.

За блага варијанта, може да ставите џем, нутела, мед…

По желба може да додавате и јаткасти плодови.

Едноставно, ставете една палачинка, премачкајте и одозгора ставете уште една палачинка, а по желба, постапката може да ја повторите со уште една или две палачинки.

predlog-idei-shto-da-im-podgotvite-na-decata-kako-uzhinka-za-na-uchilishte-05.png

Јуфки со спанаќ

Најпрво сварете ги јуфките.

На загреано масло запржете малку кромид, а потоа додајте го спанаќот за да омекне.

Така сварените јуфки додајте ги во тавчето со спанаќот и измешајте убаво.

Оставете ги малку да оладат.

predlog-idei-shto-da-im-podgotvite-na-decata-kako-uzhinka-za-na-uchilishte-06.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена) Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус. Еден од триков...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за мини палачинки со Нутела – ги обожаваат и децата и возрасните Како да ги подготвите популарните мини палачинки со Нутела, на кои децата не мож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg