Брз десерт - лиснати цветови со Нутела
За овој десерт ви требаат само 3 состојки - и трпение да се излади пред да го јадете.
Ако ви се најават гости и сакате да подготвите нешто набрзина, а притоа да изгледа и убаво кога ќе го ставите на маса, зошто да не го пробате овие лиснати цветови со Нутела?
За нив ви требаат само три состојки, а времето за подготовка и печење заедно нема да ви одземе повеќе од половина час.
Потребни состојки:
- 1 пакување готово лиснато тесто
- Нутела крем
- Јајце за премачкување
Начин на подготовка:
- Лиснатото тесто развлечете го преку работната површина.
- Едната половина премачкајте ја со Нутела (или крем по вкус), преклопете ја со втората половина.
- Исечете ленти по должина, па превиткајте ги спирално (како во видеото), а потоа од секоја лента направете цвет.
- Наредете ги цветовите во тава обложена со хартија за печење, па премачкајте ги со изматено јајце.
- Печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 20 минути.
- Послужете ги откако убаво ќе се изладат - можете да ги сервирате со крем или да им ставите малку шеќер во прав.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...

Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт
Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков д...

Пролетен десерт: Рецепт за лиснат ролат со јагоди
Личат на мини штрудлички од лиснато тесто, полнети со домашно зготвен фил од све...

Прсти да излижете: Мафини полнети со Нутела и чоколаден фил
Мафини од кои тече Нутела крем, а се декорирани со шлаг. Звучи примамливо нели!?...

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...

3 рецепти за велигденската трпеза од кујната на Давор (Dave’s Kitchen)
Пилиња од урда, милиброд со џем, пилешко со кари во лиснато тесто - интересни и ...