Рецепт за топло-ладно што ќе ви се погоди од прва
Еден од омилените десерти во целиот свет е топло-ладно. Дали и вие го нарачувате каде и да одите?
Многу луѓе кога ќе седнат во ресторан порачуваат топло-ладно.
Овој чоколаден колач (познат и како лава колач) во комбинација со сладолед од ванила е секогаш одличен избор, без оглед на сезоната.
Но, наместо да го порачувате во ресторан, сега можете самите да го направите дома.
Не е тежок за подготовка и ќе ви се погоди од прва, а по 2-3 обиди ќе се усовршите толку многу, што ќе бидете експерт.
Со овој рецепт нема да може да згрешите (состојките се за 4 колачиња).
-->
-->
Потребни состојки:
- 100g темно чоколадо
- 30g брашно
- 70g шеќер
- 70g путер
- 2 јајца
- какао и шеќер во прав по вкус
- прстофат сол
- малку екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Темното чоколадо исечкајте го ситно (или изрендајте го) и растопете го на пареа.
- Додадете го путерот и убаво измешајте за да се спојат, па тргнете ја смесата на страна.
- Во длабок сад ставете ги јајцата и шеќерот, па спојте ги со рачна маталка.
- Додадете го брашното (просејте го преку цедалка), прстофат сол и екстрактот од ванила.
- Повторно мешајте, а кога ќе добиете мазна смеса, во неа додадете го стопеното (малку изладено) темно чоколадо, па убаво измешајте.
- Печете ги колачињата во алуминиумски калапи за мафини. Калапите премачкајте ги со малку масло (или путер), а потоа ставете по малку какао и вртете ги калапите за какаото да се залепи на ѕидовите.
- Смесата поделете ја на 4 еднакви дела и распоредете ја во секој калап.
- Печете во загреана рерна на 200° околу 8-10 минути.
- Извадете ги колачите од рерната, оставете само малку да се изладат, па превртете го колачот наопаку во чинија и извадете го од калапот.
- Наросете го со малку шеќер во прав,, ставете една топка сладолед о ванила и послужете го веднаш.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...

Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни
За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...

Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...