3 предлози за мезе за ненајавени гости (се прават за 20 минути)

Канапеи или фритата и чоколадно колаче што се прави во микробранова за десерт.

3-predlozi-za-meze-za-nenajaveni-gosti-se-pravat-za-15-minuti-01.jpg

Ако ви дојдат ненајавени гости, а не сакате да ги послужите само со грицки, сигурно ќе ви се допаднат нашите предлози.

За рецептите во продолжение главно се користат состојки што сигурно ви се наоѓаат во фрижидерот, па не мора ни да излегувате да купувате нешто.

3 рецепти за брзо мезе:

Канапеи

Нема побрзо мезе од таканаречените канапеи, а можете да ги направите со што било што ви се наоѓа во фрижидерот.

Потребни состојки:

  • Кашкавал или сирење (без разлика дали фета, моцарела, ајдамер…)
  • Сувомеснато
  • Зеленчук (како шери домати, кисели краставички)
  • Француски багет
  • Намаз (како крем-сирење, хумус…)

Начина а подготовка:

  • Исечете го багетот на тенки парчиња.
  • Врз секое парче леб ставете од намазот и наредете ги состојките.
  • Можете да ставите по една состојка на секое парче, пример само моцарела, или да правите комбинации.

3-predlozi-za-meze-za-nenajaveni-gosti-se-pravat-za-15-minuti-02.jpg

Фритата

Фритатата е вид италијански омлет во кој повторно можете да искористите што било од вашиот фрижидер

Потребни состојки:

  • Јајца (по 2 за човек)
  • Млеко
  • Кашкавал/сирење
  • Кромид
  • Каков било зеленчук што одговара со омлет - домати, спанаќ, брокула...

Начин на подготовка

  • Изматете ги јајцата со малку млеко, како за омлет, па додајте го кашкавалот/сирењето.
  • Во тава запржете го кромидот и сите зеленчуци.
  • Во тава за печење истурете го зеленчукот и врз него смесата од јајца.
  • Печете од 10-15 минути, односно додека јајцата да се зготват.

3-predlozi-za-meze-za-nenajaveni-gosti-se-pravat-za-15-minuti-03.jpg

Колач во шолја од микробранова

За десерт можете да направите брзо колаче кое се приготвува во микробранова печка за помалку од 10 минути.

Потребни состојки:

  • 4 лажици брашно
  • 3-4 лажици какао
  • 2-3 лажици кафеав шеќер
  • Малку сол
  • 90ml млеко
  • 2 лажици сончогледово масло

Начин на подготовка

  • Во поголема шолја (безбедна за во микробранова) ставете ги сите суви состојки и измешајте ги.
  • Додајте ги млекото и маслото и мешајте додека да добиете хомогена смеса.
  • Ставете ја шолјата во микробранова на 1200W, за 1 минута и 40 секунди (ако микробрановата ви е со помала моќност, оставете го подолго).
  • Можете да послужите со топка сладолед.

3-predlozi-za-meze-za-nenajaveni-gosti-se-pravat-za-15-minuti-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 брзи рецепти што се прават во микробранова, за кога не ви се готви Пица лепчиња или мешан зеленчук и колач во шолја за десерт – во микробранова печ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg