„Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнерска или second hand продавница. Многу се грижам за облеката, да трае долго и да е од добар квалитет. Имам сочувана облека и накит кој бил од баба ми, од мајка ми, нешто што сум носела јас пред 20 години, па и денес ги носам“, вели новинарката Анастасија Илиевска.