Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа)

Немојте да користите камен за пети на сува кожа и редовно ставајте лосион на нозете.

praktichni-soveti-za-nega-na-noze-i-stapala-vo-zima-za-mazna-i-meka-kozha-01.jpg

Во зима, кога ја прескокнуваме поразголената облека, не обрнуваме исто внимание на негата на нозете како во лето.

Но, во зима на кожата ѝ е потребна и дополнителна нега бидејќи е посклона кон сушење.

Неколку совети за зимска нега на нозе и стапала:

Внимавајте кога ги бричете нозете

Без разлика дали редовно ги бричете нозете или само кога немате време за депилација, мора да обрнете внимание на некои работи

Најпрво, користете остар брич – тапиот жилет нема да ги отстрани влакната, а и може да ви ја иритира кожата.

Исто така, задолжително омекнете ја кожата (со туширање) пред да се бричете за да ја намалите иритацијата.

Секогаш користете крем, пена или гел за бричење.

За крај, движете го жителот во насока на растење на влакната – со ова помалку ќе ја иритирате кожата.

praktichni-soveti-za-nega-na-noze-i-stapala-vo-zima-za-mazna-i-meka-kozha-02.JPG

Редовно правете пилинг

Еднаш или двапати недело правете пилинг на кожата на нозете.

Пилингот ќе ги отстрани мртвите кожни клетки и темелно ќе ја исчисти кожата.

Можете да купите пилинг за тело од продавница, а можете и да си направите сами, на пример, со талог од кафе, крупна сол и маслиново масло.

praktichni-soveti-za-nega-na-noze-i-stapala-vo-zima-za-mazna-i-meka-kozha-03.JPG

Редовно ставајте лосион

Во зима можеби почесто го прескокнувате лосионот за тело, но во овој период од годината е всушност попотребен.

Во зима кожата се суши повеќе, што, пак, може да води до иритација и чешање.

Ставајте лосион по секое туширање, додека кожата е уште малку влажна.

Ако имате многу сува кожа, потрудете се да ставате секојдневно.

praktichni-soveti-za-nega-na-noze-i-stapala-vo-zima-za-mazna-i-meka-kozha-04.jpg

Суво четкање за подобра циркулација

Сувото четкање на нозете делува како пилинг, а истовремено ја подобрува циркулацијата.

Можно е и да ја намали видливоста на целулит.

Важно е да користите мека четка, и да користите нежни движења за да не ја изгребете кожата.

Доволно е да го правите ова еднаш-двапати неделно, пред туширање.

praktichni-soveti-za-nega-na-noze-i-stapala-vo-zima-za-mazna-i-meka-kozha-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
7 грешки со кои си ги уништувате стапалата (и сакате да ги скриете во лето) Носите многу ниски, рамни чевли кои не ви ја даваат потребната поддршка и сами п...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg