Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа)
Редовно правете купка
Купката не само што ќе ја направи кожата мека и мазна, туку и ќе ве релаксира.
Во неа слободно ставете морска сол за бањање или слични продукти соодветни за вашата кожа.
Внимавајте како користите турпија и камен за пети
Турпијата и каменот за пети се одличен начин да ја отстраните тврдата кожа од стапалата.
Но, внимавајте како ги користите.
Каменот не треба да се користи на сува кожа, туку само на влажна.
Од друга страна, турпијата е наменета за сува кожа.
Исто така, немојте премногу грубо да ги триете стапалата бидејќи можете да си направите рани.
Кога ќе завршите со третманот, задолжително нанесете хидратантен крем на стапалата.
Внимавајте како го држите депилаторот
Ако користите депилатор, важно е како го држите – неправилното ракување само ќе ги искине влакната.
Треба да го држите малку под агол, а со едната рака да ја затегнете кожата.
Движете го спротивно од насоката на растење на влакната.
Одете кај професионалец ако имате многу сува и испукана кожа на стапалата
Ако имате многу сува, испукана или стврдната кожа на стапалата, тогаш најдобро е да одите на професионалец.
Ако, пак, имате проблеми со кожата, како израстоци или габични инфекции, тогаш одете кај лекар, а не козметичар.
Спирова С. | Црнобело