Трикови со кои лакот за нокти ќе трае подолго (и маникирот ќе изгледа подобро)
Направете ги ноктите во форма на бадем, а кога миете садови, секогаш користете ракавици.
Ако преферирате сами да ги средувате ноктите наместо да правите маникир со гел или акрил, сигурно ќе ве интересира како лакот може да ви трае подолго.
Неколку трикови што можеби ќе ви бидат од помош:
Направете ги ноктите во форма на бадем
Ноктите во форма на бадем се поиздржливи бидејќи немаат остри рабови.
Од друга страна, најлесно се кршат ноктите со форма на квадрат.
Избегнувајте мат за светли нијанси
Мат лакот им дава доза луксуз на ноктите со темна боја.
Но, може да не изгледа многу добро на светли нијанси, а и може лесно да се извалка поради текстурата.
Користете ракавици кога чистите
Кога миете садови и кога чистите низ домот, користете ракавици.
Со ова ќе ги заштите не само ноктите, туку и кожата на дланките која е посклона кон сушење.
Ставајте слој за заштита
Врз лакот со боја, ставете слој безбоен лак за заштита.
Овие лакови не се воопшто скапи, а го прават лакот значително подолготраен.
Изберете понеутрална боја
Неутралните нијанси полесно се комбинираат со облеката.
Покрај тоа, несовршеностите и лупењето на лакот се помалку очигледни, за разлика од потемните нијанси.
Ставете лак со светки
Сигурно имате забележано дека е многу потешко да го отстраните лакот со светки.
Што значи, тој е многу поиздржлив.
Некогаш подобра опција се вештачки нокти
Ако имате професија поради која често ви се оштетува маникирот или, едноставно, немате време да се лакирате често, тогаш гелниот или акрилниот маникир се одличен избор.
Спирова С. | Црнобело