Јапонска рутина за нега на лице во 6 чекори (за блескава кожа)

Добро отстранете ја шминката и темелно исчистете го лицето, а на крај не заборавајте да ставите и хидратантен крем.

japonska-rutina-za-nega-na-lice-vo-6-chekori-za-hidrirana-i-bleskava-kozha-01.jpg

Додека наутро е доволно да го исчистите лицето, да ставите серум и крем со фактор, навечер е препорачливо добро да ја исчистите кожата.

Не само шминката, туку и загадувањето на воздухот таложи нечистотии на кожата, па пред спиење препорачливо е да се погрижите за неа.

Жените од Јапонија се познати по добрата нега на лицето и младешкиот изглед.

Па, од нив можеме да научиме многу.

Во продолжение, јапонска ноќна рутина од 6 чекори за блескава кожа на лицето:

Прв чекор: Средство за отстранување шминка

Немојте да ја отстранувате шминката со влажни марамчиња, особено ако имате чувствителна кожа.

Идеално би било да користите масло за отстранување шминка или нежно средство соодветно на вашиот тип кожа, како мицерална вода.

Исто така, користете разни тупфери за очите и останатиот дел од лицето.

Доколку немате шминка на лицето, прескокнете го овој чекор.

japonska-rutina-za-nega-na-lice-vo-6-chekori-za-hidrirana-i-bleskava-kozha-02.jpg

Втор чекор: Средство за миење лице

Следно треба да ги отстраните малите остатоци од шминка, но и темелно да го исчистите лицето.

Купете нежно средство за миење лице, како гел или пена, нежно втријте ја на влажно лице.

Исплакнете со вода која не е многу студена, но и не е многу топла, па избришете го лицето со чиста крпа.

japonska-rutina-za-nega-na-lice-vo-6-chekori-za-hidrirana-i-bleskava-kozha-03.jpg

Трет чекор: Пилинг за лице

Користете нежен пилинг за лице или, уште подобро, серуми кои прават хемиски пилинг на кожата.

Ако имате почувствителна кожа, доволно е да го правите пилингот два-трипати неделно, а не секој ден.

japonska-rutina-za-nega-na-lice-vo-6-chekori-za-hidrirana-i-bleskava-kozha-04.jpg

Четврти чекор: Тонер за лице

Тонерот ја враќа нормална pH-вредност на кожата, што е неопходно по темелното чистење.

Исто така, го изедначува тенот.

japonska-rutina-za-nega-na-lice-vo-6-chekori-za-hidrirana-i-bleskava-kozha-05.jpg

Петти чекор: Серум за лице

Бидејќи сега кожата на лицето е добро подготвена, серумот подобро ќе се впие и ќе биде поефикасен.

Користете серум според вашите потреби, без разлика дали е тоа со витамин Ц, ниацинамид и слично.

Можете да правите и комбинација – наутро да ставате еден вид серум, навечер друг.

japonska-rutina-za-nega-na-lice-vo-6-chekori-za-hidrirana-i-bleskava-kozha-06.jpg

Шести чекор: Хидратантен крем

На крај, важно е да ја хидрирате кожата, дури и ако ви е мрсна.

Прво почекајте малку серумот да се впие, па нанесете хидратантен крем соодветен на вашиот тип кожа.

japonska-rutina-za-nega-na-lice-vo-6-chekori-za-hidrirana-i-bleskava-kozha-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg