Новогодишна фризура во последен момент – елегантна пунџа што се прави за 5 минути (видео)

Ако немате идеја за фризура за новогодишната ноќ, или немате време ни да ја измиете косата, сигурно ќе ви се допадне елегантна пунџа која се прави за помалку од пет минути.

last-minute-frizura-za-nova-godina-elegantna-pundzha-shto-se-pravi-za-5-minuti-video01.jpg

Веќе е доцна да се закажува на фризер за новогодишната ноќ, а ако уште немате идеја што да правите со косата, веруваме дека ќе ви се допадне нашиот предлог.

Станува збор за пунџа која е елегантна, но и практична, бидејќи дури и малку да ви се растури, лесно можете да ја средите.

Можете да ја направите фризурата без разлика дали имате кратка или долга, виткана или права коса, а ќе ви требаат не повеќе од пет минути.

Притоа, фризурата е хит, па секако дека ќе изгледате и модерно.

Според советите на инфлуенсерките, најдобро е да ја правите фризурата ден-два откако ќе ја измиете косата.

Што значи, идеална е и ако немате време да миете коса пред новогодишната прослава.

Но, можете да ја направите и на влажна коса.

Најпрво треба добро да ја расчешлате косата и да направите патец – може и на средина и на страна.

На косата треба да нанесете пена или мус, па да ја „залижете“ кон назад и да ја соберете во најобична пунџа. Висината на пунџата зависи од вас.

Ако имате долга коса, можете прво да ја соберете во опавче, па околу опавчето да ја направите пунџата.

На крај, прицврстете ја косата со лак или слично средство.

Постојат и варијации на фризурата, како испуштени предни прамени и ако имате повеќе време, слободно експериментирајте.

Видео туторијал за брзата фризура:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg