10 фризури за дотерување за девојки со долга коса
Високо кренато опавче со крупни кадрици, волуменозни кадрици - кои фризури ќе бидат идеални за дамите со долга коса во 2025-та?
Кога се подготвувате за некој свечен настан, за вечерно излегување или важна прослава, сигурно внимателно ја избирате гардеробата, а обрнувате внимание и на шминката.
Но, подеднакво важна треба да ви е и фризурата, бидејќи со неа ќе го заокружите целиот изглед и ефектот што сакате да постигнете кога ќе влезете во просторијата.
Ако имате долга коса, тогаш имате и неограничени можностите да направите совршена, гламурозна фризура која ќе ги истакне и вашето лице и шминката и облеката.
Дел од овие фризури (со малку умешност), можете да ги направите сами дома, а за некои, сепак ќе мора да отидете на фризер.
Во продолжение - 10 гламурозни фризури кои се во тренд во 2025-та:
Високо крената пунџа во рок стил
Врзете малку неуредна пунџа високо, а врвовите од косата нека „стрчат“ наместо да се совршено собрани.
Пуштете два тенки прамени да ви паѓаат слободно пред очите - тие ќе ѝ дадат на целата фризура женствена естетика.
Волуменозни кадрици
Оваа гламурозна фризура никогаш не излегува од мода, а е идеална за свадби и за вечерни излегувања.
Направете крупни кадрици кои ќе паѓаат слободно, но со чешел убаво спојте ги за да имаат совршена форма.
Ретро-опавче со панделка
Оваа шик фризура може да ја направите дома - кренете го опавчето што е можно повисоко, ставете панделка, а врвовите нека бидат благо виткани.
Високо кренато опавче од половина коса
Поделете ја косата во два дела и горната половина врзете ја во опавче (замотајте мал прамен околу опавчето за да ѝ даде елегантна нота на фризурата), а долниот дел оставете го да паѓа слободно.
Волуменозна ретро фризура со стегач за коса
Оваа класична фризура ќе му даде винтиџ шмек на вашиот елегантен изглед.
Косата се тапира за да добие волумен, врвовите се виткаат во крупни кадрици, а преку главата се става стегач за да се добие ретро ефектот.