4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер

Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регенератор.

4-trikovi-so-koi-loknite-kje-vi-traat-podolgo-od-edna-vecher-01.jpg

Ако имате права и помека коса, веројатно ви е тешко да ги одржите локните подолго од една вечер.

Можеби некогаш витканата коса не ви издржува ни неколку часа.

Кога повторно ќе правите фризура со локни, земете ги предвид следниве совети:

Немојте да ја миете косата пред виткање

Секако дека не треба да ја виткате косата кога ви е многу мрсна, но не ја мијте веднаш пред да ја виткате.

За фризурата да трае подолго, препорачливо е да ја измиете косата еден ден претходно.

4-trikovi-so-koi-loknite-kje-vi-traat-podolgo-od-edna-vecher-03.jpg

Користете помалку продукти како кондиционер

Ако планирате да ја виткате косата, додека ја миете ставете помалку од продуктите како кондиционер или регенератор.

Овие продукти ја прават косата многу мека, па фризурата ќе се растури речиси веднаш.

4-trikovi-so-koi-loknite-kje-vi-traat-podolgo-od-edna-vecher-04.jpg

Избегнувајте да правите локни со пегла или фигаро

Точно е дека правењето локни со топлина, односно со пегла и слично, е многу побрзо.

Но, честото користење топлина за обликување значително ја оштетува косата, а ја прави и потешка за стилизирање.

Ако правите локни само повремено, нема ништо лошо во тоа да користите топлина.

Но, ако ги правите често, подобро користете виклери.

4-trikovi-so-koi-loknite-kje-vi-traat-podolgo-od-edna-vecher-02.jpg

Купете квалитетен спреј за прицврстување

Немојте да користите најевтин лак за коса бидејќи фризурата ќе изгледа премногу вештачки, а и нема да ви трае многу долго.

Наместо тоа, вложете во подобар спреј за прицврстување кој може да направи огромна разлика.

4-trikovi-so-koi-loknite-kje-vi-traat-podolgo-od-edna-vecher-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите? Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена ...
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg