5 трикови за убавина со кои секогаш ќе изгледате средено, без многу труд
Хидрирајте ги усните со балсам и давајте им предност на понеутралните нијанси на лакови за нокти за да ви одговараат со секаква облека.
Сите сакаме да изгледаме средено, но факт е дека не секој има време и енергија да минува цел час наутро во шминкање и правење фризури.
Ако сте од оние девојки и жени кои немаат нерви секој ден да ја средуваат косата, да се шминкаат, да ги средуваат ноктите и слично, веруваме дека ќе ви се најдат следните совети.
Како секогаш да изгледате средено, без многу труд?
Дајте ѝ предност на витканата коса
За права коса, ќе треба секој ден да ја пеглате или фенирате.
Затоа, ако немате нерви за фризури, подобро е навечер да си легнете со виклери и следното утро ќе имате елегантни локни.
Ако имате природно виткана коса, само користете соодветни продукти за нега и ќе нема потреба дополнително да ја стилизирате.
Користете балсам за усни
Ако усните ви се хидрирани, ќе изгледаат добро и без да ставите кармин.
Можете да користите и балсам во боја.
Волуменозни веѓи
За веѓите да ви изгледаат уредно, немојте да ги правите премногу тенки и доволно е само да ги начешлате или да ставите гел за веѓи.
Чоколаден маникир
За маникирот да ви одговара со секое парче облека во гардероберот, одберете боја како кафеава или нијанса слична на вашата кожа.
Обрнете внимание на негата на кожа
Потрудете се да водите подобра грижа за вашата кожа и лицето ќе ви изгледа убаво и без шминка.
Не заборавајте и да ја заштите со крем со фактор.
Секако, овде спаѓа и здравата исхрана која има влијание врз состојбата на кожата.
Спирова С. | Црнобело