Во последно време ми се чини дека постојат милион активности што може да ги правите за да останете фит или да ја намалите телесната тежина. Од разни зумба, јога, пилатес вежби, па се до кросфит и боди билдинг. Затоа воопшто и не е чудно што сте збунети, исправени пред толку многу опции за избор на вистинската фитнес програма за вас.