5 замки кои ќе ве натераат да се откажете од вежбањето
Од желба да се остане дома, до болки и замор кои ги чувствувате за време на и по вежбањето. Причините да се откажете се многубројни.
Проверете дали знаците за брзо откажување ги поседувате и вие.
Посакуваш инстант резултати
Летото наближува и посакуваш на плажа да бидеш во твојата најдобра форма. Се решаваш да вежбаш секојдневно и што понапорно, но преку ноќ едноставно, не можеш да станеш модел.
Ваквиот пристап кон вежбањето многу бргу ќе ве натера да се откажете. На местото на напорните и долготрајни режими, ставете ги краткотрајните лесни фитнес активности. Пронајди го вистинскиот баланс меѓу твојата моментална состојба и идеалната тежина и излгед. На тој начин ќе си дадеш време и простор да закрепнеш физички и психички.
Не си даваш простор за одмор
Во одлуката за напорно и долготрајно вежбање влегува и идеата за секојдневно вежбање? Ова е уште еден знак дека вежбањето многу бргу ќе ви здосади.
Инспирацијата за оваа замисла можеби ви доаѓа од некој од тренерите, блиските или интернет видеата и блогерите, кои упорно тврдат дека, секој ден имаат некаква физичка активност. Сепак, пожелно е веднаш да се откажете од оваа замисла. Секојдневното вежбање нема да ви ги даде посакуваните резултати, само ќе предизвика губење на апетитот и екстремен замор. Вежбањето три пати неделно е сосема доволно.
Се држиш до рутината
Идеална цел и замисла за да ја одржуваш твојата тежина и секогаш да бидеш во добро здравје, е да стекнеш навика за вежбање. Поаѓајќи од ова, се одлучуваш на теретана и таму минуваш речиси цела година. Сепак, нештата не се така едноставни како што изгледаат.
Рутината предизвикува вашето тело да се адаптира и метаболизмот да успори. По долг период ќе престанете да забележувате резултати од вашето вежбање и ќе се откажете. Наместо тоа, сменете ги активностите. Од теретана префрлете се на јога.
Не уживаш во вежбањето
Сметаш дека теретаната е најдобриот можен начин да го подобриш твојот изглед, но оваа активносто едноставно не е за тебе. Неколку недели поаѓаш без мотивација и воопшто не уживаш во вежбањето.
Добро позната е фразата: „Најлош си во онаа активност во која не уживаш“. Престани да удираш со главта во ѕид и одлучи се за активност која ти е интересна и која ти се допаѓа.
Континуирано се фрустрираш
Разликата меѓу мотивацијата да постигнеш високи резултати и мотивацијата да вушност воопшто имаш некаква физичка активност се многу далечни. Претпочиташ да останеш дома пред телевизорот и да го грабнеш чипсот во раце?
Кога вежбањето полека но сигурно го губи приоритетот во вашата листа на активности, дај си дополнително време да се навикнеш на идејата. Почетоците се секогаш најтешки.