Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што ќе се случи ако секој ден трчате по 15 минути?

Ќе го подобрите здравјето на срцето, но и полесно ќе го регулирате стресот. Кои придобивки ќе ги забележите ако трчате само 15 минути дневно?

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-trchate-po-15-minuti01.jpg

Сите знаеме дека физичката активност е важна не само за изгледот на нашето тело, туку и за здравјето.

Сепак, факт е дека многу луѓе немаат време да минуваат часови во теретана.

Но, добрите вести се дека и 15 минути трчање се подобри отколку цел ден да го поминете во седење.

Притоа, и со само овие 15 минути дневно, можете да забележите разлика.

Што ќе се случи ако секој ден трчате по 15 минути?

Ќе го подобрите здравјето на срцето

Аеробните активности, како трчањето, се добри за срцето, а притоа и ќе ви ја подобрат кондицијата.

Полесно ќе го контролирате стресот

Добро познат факт е дека физичката активност е добра и за менталното здравје бидејќи го поттикнува лачењето хормони што го намалуваат нивото на стрес.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-trchate-po-15-minuti-04.JPG

Ќе го подобрите помнењето

Секојдневното трчање ќе има влијание и врз други делови од мозокот, како оние одговорни за помнење и размислување.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-trchate-po-15-minuti-02.JPG

Ќе ослабите

Ако го комбинирате трчањето со здрава исхрана, ќе се ослободите од вишокот килограми и лесно ќе ја одржите оптималната тежина.

Ќе го подобрите здравјето на кардиоваскуларниот систем

Редовното трчање ќе ви помогне да го регулирате крвниот притисок и ќе го намали ризикот од болести поврзани со крвотокот.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-trchate-po-15-minuti-05.JPG

Ќе си го продолжите животот

Само 15-минутна физичка активност дневно, вклучително и трчање, е добра за целокупното здравје.

Ова значи дека ќе си го намалите ризикот од разни болести и со тоа потенцијално ќе си го продолжите животот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Водич: Како да се вратите во форма за еден месец, само со пешачење? АКо се „улегнавте“ во летниот период, можете да се вратите во форма само со пеша...
Евгенија Колев со совети за мајките кои немаат време за фитнес: „Со децата секоја игра може да се пр... „Како мајка на две деца, знам колку е тешко да се најде време за себе. Поме...
Што е „канцелариски задник“ и какви други проблеми со здравјето може да предизвика? Знаете ли дека од прекумерно седење мускулите на задникот може целосно да забора...
Една вежба со која ќе ја намалите болката во ‘рбетот (и да имате подобро држење на телото) Ако ја повторувате вежбата секој ден, со текот на времето ќе почувствувате дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg