Водич: Како да се вратите во форма за еден месец, само со пешачење?

Ако се „улегнавте“ во летниот период, можете да се вратите во форма само со пешачење, и тоа за еден месец. Треба да се фокусирате само на бројот на чекори.

kako-da-se-e-vratite-vo-forma-za-eden-mesec-samo-so-peshachenje-01.jpg

Ако сте како повеќето, веројатно почнувате да обрнувате внимание на исхраната и вежбањето пред почетокот на летото.

Но, поради топлото време, а и летните одмори, веројатно не обрнувавте внимание на физичката активност во летниот период.

Само затоа што во наредните неколку месеци нема да одите на плажа, не значи дека не треба да бидете во форма.

Физичката активност е особено важна, без разлика на периодот од годината. А, еден од најлесните начини да се вратите во форма е со пешачење.

Ова е физичка активност со низок интензитет, што значи нема да ви биде многу заморна и со тоа да ве демотивира.

Главната цел треба да ви биде бројот на чекори што ќе ги направите кој ќе го зголемувате во текот на еден месец.

Ако немате воопшто кондиција, почнете со 5.000 чекори. Ако сте колку-толку активни, почнете со 7.000 чекори, а ако мислите дека можете, почнете и со 7.500 чекори дневно.

kako-da-se-e-vratite-vo-forma-za-eden-mesec-samo-so-peshachenje-02.jpg

Во продолжение, колку чекори да правите дневно, во период од еден месец:

1-ви до 7-ми ден

Прво ниво: 5.000 чекори

Второ ниво: 7.000 чекори

Трето ниво: 7.500 чекори

8-ми до 14-ти ден

Прво ниво: 5.500 чекори

Второ ниво: 7.500 чекори

Трето ниво: 8.000 чекори

kako-da-se-e-vratite-vo-forma-za-eden-mesec-samo-so-peshachenje-03.jpg

15-ти до 22-ри ден:

Прво ниво: 6.000 чекори

Второ ниво: 8.000 чекори

Трето ниво: 9.000 чекори

23-ти до 30-ти ден

Прво ниво: 6.500 чекори

Второ ниво: 8.500 чекори

Трето ниво: 10.000 чекори

Ако сте на прво и второ ниво и сакате да стигнете до 10.000 чекори, само продолжете да го зголемувате бројот секоја недела за околу 500 чекори.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
14 мажи кои направија импресивна трансформација на телото со вежбање „Се чувствувам многу подобро. И не сум полуден по здрав начин на живот, само веж...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg