Евгенија Колев со совети за мајките кои немаат време за фитнес: „Со децата секоја игра може да се претвори во вежба“
„Како мајка на две деца, знам колку е тешко да се најде време за себе. Помеѓу жонглирањето со бескрајните списоци со задачи, оброците и децата, лесно е да го ставите вашето здравје на последно место. Но, мајки, верувајте ми, и најмалите чекори можат да направат голема разлика“, вели нашата фитнес инструкторка.
Евгенија Колев е фитнес-инфлуенсер, модел и мајка на две мали деца, Матиас и Давид.
Неодамна, таа со семејството се пресели во Дубаи, па откако малку се приспособи на тамошниот живот, почна да работи како фитнес инструктор.
Освен работата и редовното вежбање, но и здравиот начин на живот, Евгенија своето време и секој слободен момент го посветува на нејзините мали деца.
Поттикната од своето искуство, таа преку Инстаграм сподели три совети за мајките кои немаат време за вежбање, а за кои, вели, се надева ќе им помогнат да останат во форма, полесно да ги загубат килограмите и да бидат активни, што е добро и за мајките и за децата.
Прочитајте ги нејзините совети:
„Како мајка на две деца, знам колку е тешко да се најде време за себе.
Помеѓу жонглирањето со бескрајните списоци со задачи, оброци и оние прекрасни мали создавачи на хаос, лесно е да го ставите вашето здравје на последно место.
Но, мајки, верувајте ми, дури и најмалите чекори можат да направат голема разлика.
Пешачете секој ден: Ги сакам прошетките додека ја туркам количката на моето бебе, не само поради согорувањето на дополнителните калории, туку затоа што имам момент за себе, да дишам и да се ресетирам.
Добро е и за телото и за душата.
Тие неколку екстра чекори по некое време ќе доведат до трошење на калориите и ќе прават голема разлика во намалувањето на килограмите.
Ги обожавам прошетките со количка, не само поради работите кажани погоре, туку у затоа што прават чуда за моето ментално здравје.
Планирајте ги оброците однапред: Подготвувањето оброци однапред за мене беше спас. Со сè друго што се наоѓа „во мојата чинија“, зготвените оброци ни помагаат да ги избегнам нездравите навики за „брза ужинка“.
Малку подготовки за викенд значат многу помалку стрес цела недела.
Подготвувајте оброци/ужинки преку викенд и купувајте само намирници кои ќе ви требаат за таа недела.
Секогаш дома чувајте здрави намирници за деновите кога сте презафатени.
На пример, салата од туна е мојата брза опција за деновите кога немам многу време за готвење.
Играјте и движете се со вашите деца: Моите момчиња сакаат да го претворат вежбањето во забава.
Без разлика дали се работи за фудбал во дворот, танцување, па дури и глупави игри, сите се движиме и истовремено создаваме неверојатни спомени.
Тоа што сум мајка на две деца ме научи дека секоја вежба може да се претвори во забава и тие го обожаваат тоа.
Фудбал, танцување, што и да ви падне на памет. Сè што треба за децата да бидат активни.“
А. Ј. | Црнобело