Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер
Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте многу вода.
Летните одмори се период кога сакаме да се опуштиме, а тоа значи и да си дозволиме повеќе храна и алкохол од вообичаено.
Но, ако не се контролираме, по 10-тина дена сигурно ќе се вратиме дома со некој килограм плус.
Со некои мали промени и трикови, можете да уживате на летниот одмор, без да се вратите здебелени.
Фитнес инструкторката Мелиса Латари од Флорида минатото лето се здебелила шест килограми додека била на одмор.
Бидејќи потоа не ѝ било лесно да се врти во форма, одлучила да сподели неколку совети кои годинава ѝ помогнале да ја одржи линијата, а кои сигурно ќе ни се најдат и нам.
Петте совети на Мелиса:
Движете се
Како што вели Мелиса, само затоа што сте на одмор, не значи дека треба да го заборавите пешачењето.
„Прошетајте на плажа, одете на некоја екскурзија… Има безброј опции“.
Секогаш кога можете, движете се – во хотел користете скали наместо лифт, ако плажата ви е блиску одете пеш…
Бидете урамнотежени
Мелиса советува да си дозволите да уживате во храна и алкохол, но да бидете умерени.
Ако за ручек изедете мрсно гиро, за вечера јадете салата. Ако, пак, пиете алкохол, со него пијте и многу вода и така ќе испиете помалку од алкохолот.
„Девојки, уживајте во омилената храна, но умерено. Уживајте во сладолед или Аперол и не се чувствувајте лошо во врска со тоа“, вели Мелиса.
Одвојте само 10 минути за вежбање
Додека сте на одмор, веројатно не би сакале да одвоите час и повеќе за вежбање.
Но, Мелиса вели дека доволни се 10 минути дневно за да не се „залежите“.
Во тие 10 минути, вклучете едноставни вежби како чучнувања, склекови и стомачни и на крај истегнете ги мускулите.
Вклучете додатоци во исхраната
Мелиса вели дека кога оди на одмор, пие мултивитамини за целокупното здравје, пробиотик за дигестивниот систем и омега 3 масни киселини за зглобовите.
Додека сте на одмор, понесете додатоци во исхраната што ви одговараат вам, а најдобро е да се консултирате и со лекар ако досега не сте користеле суплементи.
Пијте повеќе вода
Во лето треба да пиеме повеќе вода, без разлика дали сме на одмор или не.
Количината, секако, зависи од вашата големина и нивото на активност.
Мелиса вели дека додека е на одмор, се труди да испие околу 2,5 литри вода дневно.
„Тоа ми е доволно за да имам енергија и да се чувствувам здраво“.
Спирова С. | Црнобело