Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео)

За овие лесни вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брзо време ќе ја видите разликата и веќе нема да имате кожа како кора од портокал. Дали сте подготвени за вежбање?

13-lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-video-01.jpg

Не мора да се подготвувате за на плажа па да почнете да вежбате, со цел да добиете убаво обликувано тело, без целулит и мазна кожа на нозете.

Овие вежби можете да ги правите дома, преку целата година.

Траат само 15 минути, едноставни се и ако не се откажете, за кратко време ќе ги видите резултатите - мазни нозе без кожа како кора од портокал.

Почнете уште денес!

Вежба 1: Чучнување со раширени нозе

Оваа вежба трае 50 секунди. Раширете ги нозете, стапалата нека ви бидат свртени нанадвор, а рацете ставете ги на половината.

Потоа чучнувајте и станувајте со исправен грб. Вежбата правете ја полека, без премногу брзање.

Издишувајте додека клекнувате, а вдишувајте кога ќе се исправате.

13-lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-video-04.jpg

Вежба 2: Истегнување на тетивите

Спојте ги нозете и дланките спуштете ги на подот.

Свиткајте ги колената како да седнувате, а потоа исправете ги нозете и покренете го задникот колку што можете повеќе за да ги истегнете тетивите на нозете.

Ако не можете да ја правите вежбата со дланките спуштени на подот, придржувајте се со прстите. Вежбата трае 50 секунди.

13-lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-video-06.jpg

Вежба 3: Удар со ногата наназад (десна)

Клекнете на колена, со рацете допирајте го подот.

Испружете ја десната нога наназад, како да удирате во нешто, па вратете ја во првобитната положба, без да го допрете подот. Правете ја вежбата 50 секунди.

13-lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-video-07.jpg

Вежба 4: Удар со ногата наназад (лева)

Ова е продолжување на претходната вежба, со тоа што наместо со десната, сега вежбата ја повторувате 50 секунди со левата нога.

13-lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-video-08.jpg

Вежба 5: Удар на страна (десна нога)

Додека сте во истата положба, кренете ја десната нога на страна и почнете да „удирате“ во воздух - испружете ја ногата, а потоа соберете го коленото.

Повторувајте ја вежбата 50 секунди.

13-lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-video-09.jpg

Вежба 6: Удар на страна (лева нога)

И следната вежба трае 50 секунди, со тоа што, наместо со десната, страничните „удари“ во воздух ќе ги изведувате со левата нога.

13-lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-video-10.jpg

Вежба 7: Хидрант за вода (десна нога)

И за оваа вежба сте во истата положба. Прво ја правите со десната нога - свиткајте го коленото, а потоа свитканата нога кренете ја во воздух.

Потоа полека спуштете ја надолу, да дојде во иста линија со левата нога, но без да го допрете подот. Повторувајте ја вежбата 50 секунди.

13-lesni-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-video-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
8 вежби што сигурно ги правите погрешно во теретана Дали кога кревате тег на клупа имате навика да го искривувате грбот? Тогаш можеб...
8 вежби за стомачни мускули за кои не мора да легнувате на под (и не ви треба опрема) Ако не ги сакате класичните вежби за стомачни мускули, постојат исто ефикасни ве...
14 мажи кои направија импресивна трансформација на телото со вежбање „Се чувствувам многу подобро. И не сум полуден по здрав начин на живот, само веж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg