14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео)
Вежба 8: Хидрант за вода (лева нога)
Следните 50 секунди повторувајте ја истата вежба, но овој пат со левата нога.
Вежба 9: Кревање на задникот
Легнете на подот со стомакот надолу, стапалата нека ви бидат споени.
Потоа, свиткајте ги колената и додека ја потпирате тежината на телото врз рацете, кревајте го задникот колку што можете повисоко. Вежбата трае 50 секунди.
Вежба 10: Мост со лежење
Легнете на грб, ставете ги стапалата колку што можете поблиску до задникот и почнете да го кревате телото нагоре, како мост.
Рацете нека ви бидат исправени, покрај телото. И оваа вежба повторувајте ја 50 секунди.
Вежба 11: Мост со една нога (лева)
И понатаму сте во истата лежечка позиција, но сега со десната нога треба да одржувате баланс и да се кревате нагоре, а левата нога да ја кревате во воздух.
Вежбата, како и претходните, трае 50 секунди.
Вежба 12: Мост со една нога (десна)
Продолжете во истото темпо, но сега, балансот држете го со левата нога, а кренете ја десната и повторувајте ја вежбата 50 секунди.
Вежба 13: Странично кревање на ногата (лева)
Додека сте во лежечка положба свртете се со телото на едната страна. Свиткајте го лактот, а тежината нека ви биде на десниот колк.
Исправете ја левата нога, кренете ја нагоре, па спуштете ја да ја допре десната нога. Повторувајте ја вежбата 50 секунди.
Вежба 14: Странично кревање на ногата (десна)
Свртете се на другата страна, тежината нека ви биде на левиот колк, па почнете да ја кревате и спуштате десната нога во следните 50 секунди.
Погледнете го видеото со сите 14 вежби:
А. Ј. | Црнобело