8 вежби за стомачни мускули за кои не мора да легнувате на под (и не ви треба опрема)
Ако не ги сакате класичните вежби за стомачни мускули, постојат исто ефикасни вежби кои се прават во стоечка положба.
За многумина, вежбите за стомачни мускули кои се прават на подот се едни од најдосадните.
Но, постојат исто ефикасни вежби кои ги активираат сите мускули во абдоменот, а за кои не треба ни да седнете на подот.
Осум вежби за оние кои мразат класични стомачни на под:
Прва вежба
Застанете исправено со нозете во ширина на колковите.
Кренете ги рацете и спојте ги дланките.
Почнете да правете кругови во насока на стрелките на часовникот движејќи го горниот тел од телото и држејќи ги рацете исправени горе.
Направете десет кругови, па повторете на другата страна.
Втора вежба
Застанете исправено со нозете во ширина на колковите и малку свиткани колена.
Дланките поставете ги зад главата, како на илустрацијата подолу.
Кренете го левото колено и малку навалете се странично за да го допрете до левиот лакт.
Застанете во почетната положба, па повторете со другата нога.
Направете десет повторувања.
Трета вежба
Застанете исправено со нозете во ширина на колковите и рацете зад глава.
Левата нога ставете ја малку зад вас.
Кренете го левото колено, но пред вас, навалете се кон напред и допрете до десниот лакт до левото колено, па спуштете ја ногата.
Направете 10 повторувања со едната, па уште десет со другата нога.
Четврта вежба
Застанете со раширени нозе, а рацете кренете ги странично, во линија со рамената.
Без да ги виткате рацете, наведнете се и со левата дланка допрете го десното стапало, како на илустрацијата, па исправете се и повторете на другата страна.
Направете десет повторувања.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





