Фитнес предизвик: 5 причини зошто секој ден да правите чучнувања
Чучнувањата се омилена вежба на многу спортисти и фитнес ентузијасти - тие ја зголемуваат силата на телото, ја подобруваат издржливоста, флексибилноста и рамнотежата, а покрај тоа одлично ги формираат нозете и задникот.
Оваа вежба има голем број варијации и можете да ја правите речиси секаде.
Токму затоа, ви треба само малку упорност и овие 5 причини зошто секојдневно да ја практикувате.
1. Ќе ги зајакнете мускулите и ќе добиете сила
Ефикасно ги зајакнуваат сите мускули во долниот дел од телото, а покрај тоа ги прават вашите мускули силни и флексибилни. Изведувањето на оваа вежба го стимулира произведувањето и ослободувањето на хормони задолжени за градењето на мускулната маса.
2. Ќе ги обликувате задникот и нозете
Редовното изведување на чучнувањата е загарантирано најбрзиот пат до обликуваниот, подигнат задник и извајаните нозе. Слободно може да правите чучнувања и со тегови - нема да се „набилдате“ преку ноќ.
3. Ќе ја зголемите подвижноста на колковите и зглобовите
Чучнувањата без дополнителни оптоварувања се одличен начин да ги зацврстите зглобовите во телото без да се плашите од евентуални повреди.
4. Ќе ги зајакнете дури и стомачните
За правилно да ги изведете чучнувањата, неопходно е да го стабилизирате целото тело, а со самото тоа го затегнувате секој можен мускул.
5. Ќе го поправите држењето
Без оглед на тоа дали правите чучнувања со дополнителен товар или ја користите тежината на телото, ги ангажирате и мускулите во горниот дел од телото со што го подобрувате ставот и држењето кое го имате секојдневно.
За да не ви досадат стандардните чучнувања, пробајте ги овие варијации и уверете се во ефикасноста.