6 утрински вежби што ќе ви дадат енергија (се прават и во кревет)
Ако немате многу време (или енергија) за вежбање, сигурно можете да одвоите 10-тина минути пред да станете од креветот.
Вежбите во продолжение ќе ви помогнат да ги истегнете мускулите, ќе ви дадат енергија, а и се прават во кревет.
Шест утрински вежби што треба да ги пробате:
Прва вежба
Легнете на грб со раширени нозе и свиткани колена. Стапалата треба да ви се споени и доближете ги што е можно повеќе до карлицата.
Треба да почувствувате истегнување во областа на препоните.
Поставете ја едната дланка на стомакот, а другата на градите.
Вдишете, држете го воздухот неколку секунди, па издишете бавно.
Вдишувајте и издишувајте десетпати.
Втора вежба
Ако имате многу мек душек, можеби е подобро да ја правите вежбата на подот.
Застанете во положба на планк – телото треба да ви биде исправено, а тежината распоредена на лактите и прстите на нозете.
Држете ја положбата 20 секунди и фокусирајте се на дишењето.
Одморете 30 секунди, па повторете ја вежбата уште двапати.
Трета вежба
Легнете на грб – главата можете да ја потпрете на перница.
Кренете ги нозете со свиткани колена и доближете ги до стомакот, па со дланките фатете ги стапалата, како на илустрацијата.
Со помош на дланките доближувајте ги нозете до стомакот, за да почувствувате истегнување.
Вдишете и издишете бавно десетпати.