Одиме на Европско, дечиња донираат коса, спасени животни – Убави моменти кои се случија кај нас во 2020-та и ни дават надеж
Неколку дечиња го победија ракот, неколку млади осовија награди на разни натпревари ширум светот, студентите по медицина се вклучија во борбата против ковид-19, а многу луѓе ја покажаа нивната хуманост.
Без сомнение, 2020-та беше исполнета со многу предизвици, но не значи дека годинава не се случија и добри нешта кај нас.
Во овие неизвесни моменти на сите ќе ни дојде добро барем малку позитива, па затоа погледнете дел од најубавите настани што се случија кај нас во 2020-та.
Кликнете на црвените линкови за детален приказ на поединечните статии од најдобрите моменти кои ги издвојуваме како надеж за 2020-та:
Битолчанецот Дамјан Козаров учествуваше на натпреварот НАТО 2030.
Со видео од Преспа, тој упати порака за влијанието на климатските промени и намалувањето на нивото на вода во езерeто врз екосистемот и економијата. Дамјан се најде помеѓу 4-те побеници.
12-годишната Анастасија од Штип ја донираше нејзината коса за дечиња болни од рак. Истото го направи и малиот Дарин од Скопје.
Првпат после неколку децении, во Националниот парк Галичица беше забележан балканскиот рис.
На Балканска олимпијада по физика учествува двајца Македонци, кои освоија и награди – Драго од Пробиштип освои бронзен медал, а Мајкл од Кавадарци доби пофалница.
Во 2018-та почина еден од најзначајните македонски драматурзи - Горан Стефановски. Годинава, во негова чест беше направена клупа со неговиот лик.
Во борбата против ковид-19 се вклучија и студентите од 6-та година по општа медицина.
Тие им помагаат на колегите епидемиолози во телефонската комуникација со пациентите, изработката на епидемиолошки анкети и обработката на податоците.