Млади генијалци: На Балканска олимпијада по физика, Драго од Пробиштип освои бронзен медал, Мајкл од Кавадарци – пофалница

Кога младите луѓе одлучуваат да се посветат на науката и притоа се охрабруваат да учествуваат на натпревари – тие се нашата гордост, а токму такви се средношколците кои беа дел од Балканската олимпијада по физика за 2020.

mladi-genijalci-na-balkanska-olimpijada-po-fizika-drago-od-probishtip-osvoi-bronzen-medal-majkl-od-kavadarci-pofalnica-01.jpg

Од 23 до 31 октомври 2020 се одржуваше 2-та Балканска олимпијада по физика, која беше организирана од Балканската унија на физичарите и Универзитетот во Крајова, Романија, но поради пандемијата, натпреварот се одржуваше во секоја од државите учесници, под координаторство на официјалните организатори.

mladi-genijalci-na-balkanska-olimpijada-po-fizika-drago-od-probishtip-osvoi-bronzen-medal-majkl-od-kavadarci-pofalnica-02.jpg

За нашата земја, организатор беше Друштвото на физичарите на Република Македонија и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Од Друштвото на својата Фејсбук страна објавија дека на натпреварот претставници од Македонија, биле:

1. Драго Јакимовски од Пробиштип, ученик од трета година во СОУ „Орце Николов“ - Скопје,

2. Мајкл Георгиевски од Кавадарци, ученик од втора година во СОУ „Добри Даскалов“ -Кавадарци,

3. Бисера Јаневска од Скопје, ученик во трета година во ПСУ „Алгоритам“ - Скопје,

4. Димитар Џорлев од Струмица, ученик во трета година во СОУ „Јане Сандански„ - Струмица,

5. Стефан Дрмач од Скопје, ученик во втора година во СОУ „Раде Јовчевски-Корчагин“ - Скопје (поканет натпреварувач од официјалниот организатор, надвор од официјална конкуренција).

mladi-genijalci-na-balkanska-olimpijada-po-fizika-drago-od-probishtip-osvoi-bronzen-medal-majkl-od-kavadarci-pofalnica06.jpg

mladi-genijalci-na-balkanska-olimpijada-po-fizika-drago-od-probishtip-osvoi-bronzen-medal-majkl-od-kavadarci-pofalnica03.jpg

Во конкуренција на 48 натпреварувачи од 12 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Туркменистан и Црна Гора), двајца од нив се истакнаа со бронзен медал и пофалница, но подеднакво сме горди на секој од нив за нивната храброст и упорност.

Од нив, ученикот Драго Јакимовски од Пробиштип освои бронзен медал, а ученикот Мајкл Георгиевски од Кавадарци освои награда за успешно учество (пофалница).

mladi-genijalci-na-balkanska-olimpijada-po-fizika-drago-od-probishtip-osvoi-bronzen-medal-majkl-od-kavadarci-pofalnica-6.jpg

Честитки за младите ученици и им посакуваме уште повеќе среќа и успеси во иднина. Тие се вистинска инспирација за сите оние кои досега не се охрабриле да се пријават на ваков натпревар!

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Браво! Македонски ученици освоија 1 златен и 2 бронзени медали на Математичка олимпијада Дамјан Давков во 2021-ва, на само 13 години го освои првиот сребрен медал на Инт...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Горди сме! Јан Стојановски освои злато на Европската олимпијада по физика Браво! Средношколецот Јан Стојановски ѝ ја донесе на Македонија првата златна ме...
Стомачен танц, „заразен“ ритам и стихови – Новата песна на ДНК, Бока Конга и Мишел Трајковски ќе ве ... „Ма нека збори цела чаршија...“ Ова се стиховите што сигурно ќе ги слушаме и ќе ...
Деца генијалци на Јуниорска Олимпијада и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè израдуваа минат... Виртуозот на пијано, Симон Трпчески повторно нè направи горди по позитивните реа...
„Дај на сунце“ – Новата песна на Каролина Гочева за еден час по објавувањето ја освои публиката „Магична како и секогаш“ – стои во дел од коментарите под новиот видео спот на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg