Браво! Македонски ученици освоија 1 златен и 2 бронзени медали на Математичка олимпијада

Дамјан Давков во 2021-ва, на само 13 години го освои првиот сребрен медал на Интернационалната математичка олимпијада, а сега освои злато. Со 1 златен и два бронзени медали на овогодишната математичка олимпијада, нашите млади математичари покажаа дека имаме со што да се гордееме.

bravo-makedonski-uchenici-osvoija-1-zlaten-i-2-bronzeni-medali-na-matematichka-olimpijada-shtipjanecot-davkov-vtora-godina-po-red-so-zlato-01.jpg

Македонските репрезентативци од 65. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2024) дома се враќаат со високи резултати.

Тие успеаја да освојат еден златен, два бронзени медали и 3 пофалници, што уште еднаш е доказ дека ние како држава поседуваме голем број исклучително талентирани млади генијалци со кои треба да се гордееме.

Како што информираат од Сојузот на математичари на Македонија, Олимпијадата се одржувала во периодот од 11-22 јули, а вкупно 609 млади математичари се натпреварувале во решавање шест математички проблемот во текот на два натпреварувачки дена.

bravo-makedonski-uchenici-osvoija-1-zlaten-i-2-bronzeni-medali-na-matematichka-olimpijada-shtipjanecot-davkov-vtora-godina-po-red-so-zlato-02.jpg

Секој натпреварувач се стреми да освои максимални 7 поени од секоја задача.

„Ова е исклучителен успех за нашата земја, која во конкуренција на 109 држави екипно се пласира на 28. место (според освоени одличја) односно, на 46. место (според освоени поени)“ – велат од Сојузот.

bravo-makedonski-uchenici-osvoija-1-zlaten-i-2-bronzeni-medali-na-matematichka-olimpijada-shtipjanecot-davkov-vtora-godina-po-red-so-zlato-03.jpg

Инаку, златниот медал на Македонија ѝ го донесе штипјанецот Дамјан Давков, кој успеа да освои вкупно 31 поен.

Во 2021-ва година, на возраст од само 13 години, Дамјан успеа да го освои првиот сребрен медал на Математичката олимпијада.

„Ова е само второ македонско злато на ИМО во досегашните 32 учества на Македонија како независна држава. Штипјанецот Дамјан Давков, со освоениот златен медал, втора година по ред се вбројува во светската математичка елита.

Ова 16-годишно момче е несомнено најуспешниот македонски олимпиец на сите времиња – во досегашните пет учества, има освоено два златни медала, два сребрени медала и една пофалница – и цврсто чекори кон тоа да постане еден од најуспешните олимпијци во историјата на ова престижно светско натпреварување“ – велат од Сојузот на математичарите.

bravo-makedonski-uchenici-osvoija-1-zlaten-i-2-bronzeni-medali-na-matematichka-olimpijada-shtipjanecot-davkov-vtora-godina-po-red-so-zlato-04.jpg

Леонид Тодороски и Алексеј Тасиќ освоија бронзени медали, а Бранко Јангелоски, Ивано Божиновски и Никола Цветаноски добија пофалници.

bravo-makedonski-uchenici-osvoija-1-zlaten-i-2-bronzeni-medali-na-matematichka-olimpijada-shtipjanecot-davkov-vtora-godina-po-red-so-zlato-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Со зурли и тапани сред село и преку 30 обичаи, Стефана и Даријан се венчаа на Галичка свадба 2024 Стефана Димитрова и Даријан Кочоски вчера (15.07) се венчаа во црквата „Св. Пета...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg