Деца генијалци на Јуниорска Олимпијада и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè израдуваа минатата недела

Виртуозот на пијано, Симон Трпчески повторно нè направи горди по позитивните реакции за неговите маестрални концерти низ Европа, информатичарите до 15,5 години повторно покажаа дека се вистински генијалци - ова се 5 позитивни вести од минатата недела кои ќе ве расположат.

deca-genijalci-na-juniorska-olimpijada-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-01.fw.png

Во „морето“ политика, црна хроника, информации за болести, престрелки, временски непогоди... решивме да внесеме малку среќа и позитивна енергија, и да ја погледнеме Македонија од поубавата страна.

Затоа, секој понеделник со вас ќе споделуваме позитивни вести, кои можеби сте ги пропуштиле, а кои се надеваме, барем на кратко ќе ви го разубават денот и ќе ви измамат насмевка.

5 позитивни вести од Македонија кои ни ја разубавија минатата недела:

Две девојчиња ја вдомија Луси - кучето фрлено на улица

Здружението за заштита и хуман третман на бездомните кучиња „Лајка“, на својата Фејсбук страница објави фотографија од која две девојчиња кои ја вдомија Луси.

„После години користена за размножување и исфрлена на улица, кога не биле во можност повеќе да заработуваат од неа, Луси конечно ќе започне нов живот, но овој пат како член на фамилија во дом полн со љубов! Со среќа малечка“, стои во пораката од „Лајка“.

deca-genijalci-na-juniorska-olimpijada-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-09.jpg

Црвениот Крст на Скопје организираше летен камп за млади

Од 18 до 21 август во Струга се одржа летен камп за млади од петте Општински организации на Црвен крст во Скопје.

Кампот, кој беше организиран во соработка со невладината организација Roma Rock School, го посетија млади од двете организации, а целта беше да се промовира волонтерство, запирање на насилството помеѓу младите, културата како систем од вредности, промоција на музиката.

deca-genijalci-na-juniorska-olimpijada-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-07.jpg

Па така, за време на кампот сите младинци имаа можност да свират различни инструменти, но и заеднички да напишат песна за хуманоста, другарството и солидарноста.

Песната ќе биде снимена и ќе остане како трајна вредност за едно преубаво поминато време исполнето со многу знаења, искуство и смеа.

deca-genijalci-na-juniorska-olimpijada-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-12.jpg

Уште 3 вести на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg