Македонец е ѕвезда во новиот спот на Лејди Гага: „Кога сонот ќе стане реалност“ (видео)
- Детали
- четврток, 06 февруари 2025
Горди сме! Мајкл Дамески, кој има македонско потекло, пред 7 години со својот танц ја воодушеви Џенифер Лопез, а сега го глуми главниот машки лик во новиот спот на Лејди Гага.
Мајкл Дамески (29) е австралиски танчар со потекло од Македонија. Тој е роден во Сиднеј, но неговите родители потекнуваат од Прилеп.
Денес, за Мајкл зборуваат сите во светот на танцот, откако тој ја доби главната машка улога во новиот спот на Лејди Гага, за нејзината песна Abracadabra.
Мајкл на својот Инстаграм сподели фотографија со една од најголемите музички ѕвезди на денешницата.
Но, тој објави и краток извадок од спотот на Гага.
„Кога сонот ќе стане реалност“ - напиша тој.
Мајкл го привлече вниманието на светската јавност уште пред 7 години, кога во 2018 настапи во шоуто за танц „World of Dance“, а со својот талент ја воодушеви Џенифер Лопез.
Иако многумина очекуваа дека ќе победи, тој заврши на второто место.
Денес, Мајкл живее во Лос Анџелес и гради одлична кариера.
Погледнете го видеото за Abracadabra и танцот на нашиот Мајкл:
А. Ј. | Црнобело