Битолчанецот Дамјан е еден од победниците на НАТО 2030 - погледнете го неговото видео за Преспанското Езеро и климатските промени
- Детали
- вторник, 10 ноември 2020
На Самитот за млади, учесник на Видео натпреварот за НАТО 2030 беше Битолчанецот Дамјан Козаров, кој со своето видео од Преспа во кое упати порака за тоа како климатските промени и намалувањето на нивото на водата во езерата влијаат на екосистемот и економијата, се најде помеѓу 4-те победници.
На 9-ти ноември, се одржа НАТО 2030 Самитот за млади, каде се поврзаа стотици млади луѓе од различни земји кои беа дел од онлајн разговор со Генералниот Секретар и останатите НАТО лидери, а имаа неколку дебати фокусирани на тоа како НАТО да зајакне и да заземе поголем глобален пристап.
Генералниот Секретар Јенс Столтенберг ги охрабри младите лидери да ги споделат своите гледишта и идеи за иднината на Алијансата, посочувајќи им дека ова е нивната шанса да си ја заштитат иднината и слободата.
Самитот за млади е дел од НАТО 2030, иницијатива на Генералниот Секретар да се осигура дека Алијансата ќе остане подготвена да се соочи со идните предизвици и дека ќе продолжи да ги заштитува граѓаните во следната деценија и понатаму.
Мислењето за безбедната иднина го споделија и младите на Самитот за млади, а како дел од НАТО 2030 за првпат се одржа и Видео натпревар, во кој учесник беше Битолчанецот Дамјан Козаров.
На младите на возраст од 18 до 25 години им беше зададен предизвик да одговорат на 2 прашања во видео формат:
1. Што е најважната закана на мирот и безбедноста до 2030 и како НАТО може да се адаптира да се спречи тоа?
2. Како НАТО може да помогне да ме зачува безбедни мене и моето семејство и сега и до 2030?
На Видео натпреварот биле испратени голем број видеа од повеќе учесници, а изборот бил скратен на 4 победнички видеа. Победниците ги прогласи Генералниот Секретар:
„Голема чест е да ги прогласам победниците, ми пративте импресивни видеа за иднината на нашата безбедност. Победници се Чиара Пасини, Дамјан Козаров, Анвеш Јаин и Стела Блумфелде.“ - вели тој.
Темата и прогласувањето на победниците на видео натпреварот е на 2 часа и 1 минута:
🔴 Follow the #NATO2030 Youth Summit LIVE as next-generation leaders map out the future of @NATO, together with @jensstoltenberg and Heads of State and Government from across the Alliance. https://t.co/cbQ9L4mCar
— Munich Security Conference (@MunSecConf) November 9, 2020
Погледнете го видеото со пораката на Дамјан, која е одговор на прашањето - Како НАТО може да ги одржи семејствата безбедни сега и во 2030?
Дамјан зборува за природното богатство кое го делат три НАТО членки, Албанија, Грција и Македонија, а мисли на Преспанското Езеро, на кое му се закануваат климатските промени. Драматичното повлекување на нивото на водата предизвикува опасност за локалниот екосистем и за економијата, вели тој во видеото.
Тој упатува порака дека сите мора да се ангажираат за климатските промени и безбедноста, бидејќи тоа прави тешкотии за воените сили да нè чуваат, ги ослабнува економиите и затоа младите луѓе имаат мисија да ја рашират оваа порака јасно и гласно за успешна агенда во 2030.
Драги роднини и пријатели, со задоволство ви соопштувам дека оваа година ќе бидам дел од НАТО 2030 Самитот. Видео натпреварот за НАТО 2030 доби бројни видеа од сите 30 НАТО членки, а има само 4 победници.
Среќен сум што можам да кажам дека сум одбран како еден од победниците и дека моето видео (климатски промени и што може НАТО да направи за да спречи климатски промени) ќе биде презентирано во живо на 9-ти ноември, на Самитот во Брисел.
Победниците ќе бидат објавени од страна на Генералниот Секретар на НАТО, г-дин Јенс Столтенберг. – напиша на својот Фејсбук профил Дамјан на 5-ти ноември, со што го најави своето учество.
М. М. | Црнобело