Браво за младите борци: Студенти од 6-та година по општа медицина ќе помагаат во борбата против ковид-19

Во борбата со ковид-19 мора да учествуваме сите за да победиме, а по светските примери, така и кај нас, нашите студенти по медицина од 6-та година активно се вклучуваат во први редови.

bravo-za-mladite-borci-studenti-od-6-ta-godina-po-opshta-medicina-kje-pomagaat-vo-borbata-protiv-kovid-19-1.jpg

Министерот за здравство, Венко Филипче, објави фотографии на кои најави дека студентите од 6-та година на медицина почнуваат да се вклучуваат во борбата против најголемиот непријател на 2020-та.

На социјалните мрежи тој објави фотка со студентите и напиша:

Спремни да помагаат! Утрово се сретнав со студентите по општа медицина кои ќе помагаат во битката со Ковид-19. Тие се свесни и ја препознаваат својата важна општествена улога во моменти на криза. Нивниот придонес е многу значаен, им посакувам успешна работа.

bravo-za-mladite-borci-studenti-od-6-ta-godina-po-opshta-medicina-kje-pomagaat-vo-borbata-protiv-kovid-19-02.jpg

Претходно тој објави уште неколку фотки кога најави дека студентите се вклучуваат во борбата на колегите и објасни која ќе биде нивната улога и помош:

Студентите од шестта година по медицина активно се вклучуваат во поддршка на своите колеги во борбата против ковид-19. Нивниот ангажман ќе биде помош на колегите епидемиолози во телефонска комуниција со пациентите, изработка на епидемиолошки анкети и обработка на податоците.

Браво за храброста и само напред! Се надеваме дека ќе успееме да се избориме по примерот на други земји кои одлично се справуваат во оваа борба.

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Браво! Осамна мурал од Ѓорѓи Колозов во кафуле во близина на Соборна црква Тој нè напушти во 2003 година, но како да беше вчера. Засекогаш ќе ги имаме нају...
Ксенија Николова: „Позната ми е голготата наречена ин витро оплодување, браво за мајката-херој (61) ... „Верувајте, ин витрото, особено она што е неуспешно по не знам кој пат, преку но...
Maкедонка со апел против петардите: „Моето куче се тресеше и беше парализирано од страв“ „Дечково едвај го преживеа ентузијазмот на некои што би сакале да живеат во воен...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
„Браво, царица“ – Тања Кочовска со салто влегува во вода во Хрватска „Секоја чест Тања, тоа е детето во тебе“ – коментираат следбениците на актерката...
Прилепчанката Ивана Ѓорѓиоска го победи ракот на лимфната жлезда: „Со двете деца во раце се изборив ... „Ивана ти си хероина на денот“, „Браво! Никогаш повеќе да не се повтори кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg