Мајсторот го викам за поправка, а не да го угостувам – зошто веќе ми е страв да почестам со кафе и ракија?

Мајсторот ни дојде, расчепка во таблата со осигурувачи, за еден час ја заврши работата, а потоа си седна и цел ден си го отседе кај нас дома – па кафе, па ракииче, па мезе – само да имаш уши да слушаш, раце да го служиш. Зошто денес најголемиот број луѓе се плашат и да прашаат: „Мајсторе што ќе се напиеш?“

si-viknal-majstor-za-popravka-a-ne-za-da-go-gostish-zoshto-zamira-balkanskiot-sindrom-za-chestenje-po-zavrshenata-rabota-01.jpg

Ако во последно време сте имале потреба од мајстор знаете дека е вистински предизвик да се најде човек којшто веднаш и брзо ќе ви ја заврши работата, нема да ве „влечка“ со денови да го чекате да дојде, и да ве преместува од ден во ден, тврдејќи дека е зафатен и нема време или да ви ги одбива повиците на телефон.

Секако тука, морам да кажам секоја чест на исклучоците! Но, да си признаеме – ретки се.

si-viknal-majstor-za-popravka-a-ne-za-da-go-gostish-zoshto-zamira-balkanskiot-sindrom-za-chestenje-po-zavrshenata-rabota-02.jpg

Пред извесно време имавме сериозен проблем со струјата во домот, и сопругот, обидувајќи се побрзо да најде решение, и да го прескокне чекањето, викна еден постар мајстор, научен на старите методи на работа и балканскиот менталитет вкоренет на нашите простори.

Мајсторот ни дојде, расчепка во таблата со осигурувачи, за еден час ја заврши работата, а потоа си седна и цел ден си го отседе кај нас дома – па кафе, па ракииче, па мезе, па муабети „од Вардара па до Триглава“ – само да имаш уши да слушаш, раце да го служиш.

si-viknal-majstor-za-popravka-a-ne-za-da-go-gostish-zoshto-zamira-balkanskiot-sindrom-za-chestenje-po-zavrshenata-rabota-06.jpg

Телефонот му ѕвонеше на секои 15-тина минути, тој ги маткаше луѓето дека има работа, не може да дојде, а впрочем и не се опседнува со нивните проблеми.

Си преседе кај нас, се најаде, се напи, си заработи дебела дневница – затоа што си наплати чесно како што е тарифата, и на крај дури и го замоли мојот сопруг со автомобил да го однесе до дома, да не плаќал за такси.

Сопругот пресреќен дека се ослободи конечно, веднаш стана и му вели:

„Ајде, мајсторе, одиме!“

Ете така, во мене тој ден умре балканскиот менталитет – оттогаш па наваму, кога ќе дојде мајстор дома, се знае: кафе, чај или вода, сработи, наплати и оди си!

si-viknal-majstor-za-popravka-a-ne-za-da-go-gostish-zoshto-zamira-balkanskiot-sindrom-za-chestenje-po-zavrshenata-rabota-03.jpg

Да, некултурно и безобѕирно е да не му дадеш вода на мајсторот што дошол да ти сработи и што се препотува, но умреа веќе времињата кога треба да ги гостиш и да ги поиш, зарем не?

Мислам дека помладите генерации мајстори кои работат за фирми и компании веќе не ни очекуваат некој да ги гости, па дури и одбиваат што и да си ги понудил – но за таков мајстор треба да се чека со недели, а некогаш и месеци.

Не затоа што те матка додека седи на маса и си мези, туку заради тоа што навистина има голем број обврски и не може глава да крене од таквите како нас, што бегаат од овие гореспоменатите мајстори.

si-viknal-majstor-za-popravka-a-ne-za-da-go-gostish-zoshto-zamira-balkanskiot-sindrom-za-chestenje-po-zavrshenata-rabota-04.jpg

А овие другите, се чини секогаш може да најдат по некоја жртва што на еден ден ќе ги угости и ќе ги напие, но не верувам дека пак ќе ги викне да работат.

Од разговори со блиски сум слушнала дека речиси секој од нас налетал на по еден таков „работник“, па затоа речиси сите ние кога ќе се соочиме со проблем, имаме страв и да прашаме: „Мајсторе, што ќе се напиеш?“

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“ „Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg