„Едвај чекам да си седнуваме со него“ – Готова е клупата со Горан Стефановски, соопшти неговиот син (фото)

„Клупата на Горан е сосема готова! Едвај чекам да си дојде на своето предвидено место и да можеме да си седнуваме на неа со него“ – соопшти синот на Горан Стефановски на својот Фејсбук профил.

edvaj-chekam-da-si-sednuvame-so-nego-gotova-e-klupata-so-goran-stefanovski-soopshti-negoviot-sin-foto-1.jpg

Еден од најзначајните писатели на македонската драма, Горан Стефановски, почина во 2018-та година, но остави зад себе богато културно наследство.

Тој беше ценет писател, академик, професор и пред сѐ ценет човек, а покрај книжевното и културно наследство, Скопје добива уште нешто по што може да се потсеќа на него.

Неговиот син, Игор Стефановски, на својот Фејсбук профил соопшти дека клупата со скулптура од Горан е готова, а истата треба да си го најде своето место во Дебар Маало.

Тој исто така најави дека формирале Здружение на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, а отворена е и Фејсбук група која ќе биде средиште за секакви информации, настани и идеи поврзани со животот и делото на Горан Стефановски.

Прочитајте ја неговата објава во целост:

Драги пријатели,

Само да ви кажам две работи — една кратка, и една подолга.

Првата: Клупата на Горан е сосема готова! Едвај чекам да си дојде на своето предвидено место и да можеме да си седнуваме на неа со него. Е сега, не се знае кога ќе имаме можност да се собереме во Дебар Маало за поставувањето, ама важно е готова…

Втората работа е дека формиравме Здружение на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски (догличко, да, ама може и Здружение Горан Стефановски.. ?

Целта на Здружението е едноставна: опусот на Горан да биде секогаш на дофат, во различни форми (и дигитални), дека он не пишуваше само драми и не мора да си академик за да го разбереш. Би сакале бар едно нешто од него постојано да биде во книжарниците во нашата земја, бидејќи тој е еден од оние кај нас кои го заслужуваат тоа. Доста беше ситуација во која Диво Месо се чита во гимназија, а ја нема никаде да се купи како лектира. Тоа е таква балканска Кеч22 ситуација — баш таквите него го фасцинираа и го инспирираа. (Памтам дека средношколци редовно ни тропаа на врата барајќи копија од драмата, и кога веќе немаше за давање, татко ми почна да им кажува “прашај ја учителка ти зошто немаат они да ви дадат…” ?

Е сега, ова не значи дека ќе ве тераме на сила да ги читате неговите драми. Сепак, би било убаво што повеќе луѓе да знаат за што се работи Диво Месо, исто како што оние во дијаспората (или оние кои планираат да отидат натаму) би требало да ја знаат премисата на Тетовирани Души. Се разбира, Горан остави и многу други бисери и мудрости во есеи и говори кои се надеваме дека ќе можеме да ги прошириме во јавноста, особено за помладите генерации.

Свесни сме дека нема да успееме без ваша помош и поддршка, и сакам и да ви кажам дека сме подготвени за секаков вид на соработка, со секого, за да ја реализираме нашава идеја (ова е сепак отворено здружение на граѓани).

А за вас кои сè уште го читате ова, имаме мала награда/изненадување… Со цел да го обележиме нашето основање и, еве, да почнеме да го правиме она за кое сме тука, имаме 25 копии од новото издание на култната Конзервирани Импресии на Горан за давање! Во соработка со издавачот Темплум, првите 25мина кои ќе отидат на ФБ страницата на Здружението (побарајте во search…) ќе можат да си подигнат копија од нешто што навистина мора да се прочита. Затоа, посетете нè, лајкнете/зачленете се и земете си гага книвче (ако останале :))

Топли поздрави!

edvaj-chekam-da-si-sednuvame-so-nego-gotova-e-klupata-so-goran-stefanovski-soopshti-negoviot-sin-foto-02.jpg

?__cft__[0]=AZVNA6QiEyIwaF8GrmJQ1C-1IRC81JThx7gkEreuRQoNKQ13hS-ffB9GBGSVHkt7cmr_La7NpsTq8TpdVB3PvkMyIoqGo3lxFYWJCKmupT29T0ZFjYtZm7khzZBOb0FWZ_0&__tn__=%2CO%2CP-R

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Горан Алачки ужива со саканата Марина на Малдиви, по повод нејзиниот роденден (фото) Хармоникашот Горан Алачки (59) изгледа повљубено од кога било на Малдиви со свој...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg