Херои на денот - Пар спаси мајка со 11 мали патчиња и ги однесе на кејот на Вардар

Јана и нејзиниот сопруг се наши херои на денот. Малите дела многу значат, навиваме за повеќе такви секојдневно во цела Македонија.

jana-od-skopje-spasi-majka-so-11-mali-patchinja-i-gi-odnese-na-vardar-foto-01.jpg

Понекогаш навистина сме жедни за добри вести, а овој период е токму таков, па Јана и нејзиниот сопруг ги прогласуваме за позитива на денот.

Овој хуман пар пронашол мали беспомошни патчиња кои нивната мајка избезумено ги штитела, но сепак немала да успее во тоа без помошта од Јана и нејзиниот сопруг.

Тина Мицковска, портпаролот на ЗОО Скопје, ја пренесува целата ситуација на својот Фејсбук профил:

„Денов ми почна со паника и нервоза поради новообјавените бројки на заразени. И така и ќе продолжеше, ако не ми се јавеше Јана и ми го направи денот поубав.

На небезбедна локација, далеку од вода ми кажа дека има мајка со 11 мали патчиња. Преплашена за своите малечки, не дава никој да ѝ се приближи. Си се посоветувавме со Јана и заедно со сопругот успеаа после мала брканица да ја фатат заедно со малите и да ја однесат до кејот на Вардар.

На последната фотографија се гледа како мајката патка е конечно спокојна што со малечките стигна на вистинското место за нив и конечно ќе си пливка со малите.
Сакам јавно да се заблагодарам на Јана и сопругот што се ГОЛЕМИ ЛУЃЕ и не чекаа некој друг да ги спаси, туку веднаш делуваа.

Сите по малку вака да помагаме и на луѓе и на животни... Ете како во случајов, ќе ви одземе еден час од животот, но спасени се 12 животи, од кои 11 бебиња.“

jana-od-skopje-spasi-majka-so-11-mali-patchinja-i-gi-odnese-na-vardar-foto-02.jpg

jana-od-skopje-spasi-majka-so-11-mali-patchinja-i-gi-odnese-na-vardar-foto-03.jpg

jana-od-skopje-spasi-majka-so-11-mali-patchinja-i-gi-odnese-na-vardar-foto-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
18 фото-докази дека животот без мачки би бил здодевен „Насадив цвеќе и намерно ја покрив саксијата за мачката да не го уништи, ама, из...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Смешна фото-компилација: Ситуации што им се познати на сите кои чуваат мачка Скршена вазна, истурена корпа за ѓубре… Ако имате мачка, сигурно ќе се пронајдет...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...
18 миленици кои пораснале, но ги задржале старите слатки навики (фото) Старите навики тешко „умираат“ - доказ за ова се и многу, многу миленици, кои ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg