„Овој лет, кој траеше 2 часа, мора да признаам дека ми беше еден од најубавите во животот. Седната покрај прозорецот уживав во неверојатни пејзажи на недогледната морска шир, прошарана со островчиња и полуостровчиња. А кога стигнав во Кипар? Таму ја видов најубавата плажа Ниси во Аја Напа, совршеното шеталиште покрај море во Ларнака, но и суровата поделеност со граница на Кипар на грчки и турски дел, како и градот на духовите...“