Предлог дестинации во Македонија за незаборавни викенд доживувања (за вљубениците во природа)

Каде ќе се патува викендов? Што ќе се прави? Ова се неколку прашања што сите постојано си ги поставуваме. Уште на самиот почеток од работна недела, мозокот почнува да си прави различни експедиции, планирања, пресметки, а истовремено е и во исчекување на стабилно време и пролетни температури. Освен тоа, посветено пребарува и по Фејсбук групи, се консултира со нашите пријатели, бара сугестии од познаници што веќе посетиле некое интересно место што долго време го мерка.

interesni lokacii vo makedonija za nezaboravni vikend dozivuvanja 6

Можеби веќе имате планови, ама ќе ви биде од корист да ги прочитате овие предлози во случај ако сакате негде да заминете од денес за утре. Многу често спонтаните патувања се пропратени со најубавите спомени.

Да, уште не е отворена сезоната за капење. Ќе почекаме уште малку за тоа, ама Отешево е одличен избор кога и да се одлучите да го посетите.

Во минатото, целиот регионот на Преспа ја живеел својата популарност, но иако денес Преспанското Езеро е запоставено, бидете вие што ќе му дадете шанса на ова мирно место за рекреација и ќе ги инспирирате и другите да свратат таму.

interesni lokacii vo makedonija za nezaboravni vikend dozivuvanja 1

Селото Лесново во близина на Пробиштип е интересно место за една попладневна прошетка. Посебно црквата посветена на Архангелите Михаил и Гаврил.

Тоа што не е познато кога точно се изградил манастирот, дали за време на замонашувањето на Гаврил или по неговата смрт го прави местото уште попривлечно.

Исто така, кога веќе ќе стигнете таму, немојте да заборавите да ja истражите Лесновската купа или кратер, како и пештерите настаните од човечка рака каде многу одамна се изработувале воденички камења од вулкански карпи.

interesni lokacii vo makedonija za nezaboravni vikend dozivuvanja 4

Оние на кого историјата им е слаба точка, некој викенд нека тргнат и до античкиот град Баргала, кој се наоѓа на десеттина километри од Штип.

Пред да наминете на штипска пастрмајлија, фрлете поглед на она што е истражено до сега – една десетина од наоѓалиштето. Наодите за локалитетот велат дека Баргала прво бил римски воен логор, а поради добрата местоположба се преобразил во тврдина.

Иако има уште многу да се истражува, сепак со свои очи ќе може да го видите резервоарот за вода, еден дел до градскиот бедем, инфраструктурата на градот како и главната порта.

interesni lokacii vo makedonija za nezaboravni vikend dozivuvanja 3

Ги обожавам водопадите. Додека ги гледам ми даваат еден вид на слобода, ме тераат да се ослободам од сите мисли и да се слеам во сегашниот миг.

Како последен предлог ќе го наведам Копришки водопад, во близина на Демир Капија. Или ако сакате да бидам попрецизен ќе се паркирате кај селото Дрен и од таму ќе тргнете пеш.

Да, имате за одење. Ама природата е прекрасна. Се исплати секој вложен напор за таква глетка што може да ги најдеме само во затскриени локации кај нас.

interesni lokacii vo makedonija za nezaboravni vikend dozivuvanja 2

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg