7 крајбрежни градови низ кои треба да прошетате барем еднаш во животот

Венеција, Берген и Сиднеј се крајбрежни градови низ кои дефинитивно мора да прошетате штом ќе ви се укаже можност за тоа.

7-krajbrezhni-gradovi-niz-koi-treba-da-proshetate-barem-ednash-vo-zhivotot-01.jpg

Морињата и езерата им даваат на градовите посебен шарм. Обично, градовите покрај водата раскажуваат многу подлабоки приказни од градовите во внатрешноста. Порано, а и денес, луѓето сакаат да се собираат блиску крај водата.

Ова се 7 најдобри светски градови покрај морето, низ кои ќе сакате да прошетате:

1. Венеција

Венеција е град лоциран буквално покрај морето. Тука главниот плоштад некогаш се поплавува поради високото ниво на морето, но сепак, Венеција не би била Венеција без своите канали!

7-krajbrezhni-gradovi-niz-koi-treba-da-proshetate-barem-ednash-vo-zhivotot-02.jpg

2. Амстердам

Заедно со дрога, алкохол, секс, Ана Франк и велосипеди, Амстердам е познат и по бројните канали. Наводно ги има повеќе од самата Венеција!

Сместен е на релативно голема површина така што каналите се далеку едни од други.

7-krajbrezhni-gradovi-niz-koi-treba-da-proshetate-barem-ednash-vo-zhivotot-03.jpg

3. Берген

Овој втор најголем град во Норвешка се наоѓа помеѓу седум планини и е наведен на списокот за светско наследство на УНЕСКО.

Градот е важен културен центар, а во 2000 година беше прогласен за Европски град на културата.

7-krajbrezhni-gradovi-niz-koi-treba-da-proshetate-barem-ednash-vo-zhivotot-04.jpg

4. Сиднеј

Овој популарен град е симбол на Австралија. Иако многу луѓе мислат дека Сиднеј е главен град на Австралија, не е, но факт е дека е дефинитивно најпознат.

Градот нуди прекрасни плажи, кои нудат богати погодности за рекреативци и спортисти.

7-krajbrezhni-gradovi-niz-koi-treba-da-proshetate-barem-ednash-vo-zhivotot-05.jpg

5. Стокхолм

Изобилството острови го отежнува пловењето кон Стокхолм. Самиот град е изграден на околу 20 острови (историскиот центар е на 5 острови) поврзани со мостови.

Сместен е каде езерото Маларен се поврзува со морето.

Постојат многу зелени површини во Стокхолм кои се заштитени како природни резервати, а тука е и националниот парк Royal Djurgarden.

7-krajbrezhni-gradovi-niz-koi-treba-da-proshetate-barem-ednash-vo-zhivotot-06.jpg

6. Сан Себастијан

Овој шпански град се наоѓа на северот на земјата во близина на границата со Франција и е еден од најпознатите туристички дестинации во регионот.

Градот е вистински туристички рај, сместен на реката Урумеа, што дефинитивно вреди да се истражува.

7-krajbrezhni-gradovi-niz-koi-treba-da-proshetate-barem-ednash-vo-zhivotot-07.jpg

7. Хонгконг

Хонгконг е сместен на јужниот брег на Кина, а го опкружува делтата на Бисерната Река и Јужното Кинеско Море. Познат е по својата облакодерска архитектура и големото природно пристаниште.

Со површина од 1104 км2 и седум милиони жители, Хонгконг е еден од најгусто населените градови во светот.

7-krajbrezhni-gradovi-niz-koi-treba-da-proshetate-barem-ednash-vo-zhivotot-08.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg