Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија
Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и сето тоа во природа - има ли подобра формула за забавен 1-ви Мај? Локацијата не мора да е во близина на вашето место на живеење, па затоа ви препорачуваме 13 места низ земјава (во близина на 10 градови) каде што можете да направите излет за паметење.
Излетот за 1-ви Мај е традиција која се почитува со години. Иако времето за овој празник често знае да се расипе и да подзаврне, ни дождот не ја расипува добрата забава.
А ако сакате да одите на излет во природа, ви препорачуваме неколку места низ Македонија каде што можете да направите пикник и да уживате.
И запомнете, излетот не мора да е во близина на местото каде што живеете - некогаш и еден час (или повеќе) возење до замислената дестинација вредат.
13 места за излет во околината на 10 градови низ Македонија:
Прилепско Езеро или Зовиќ
Во близина на Прилеп се наоѓа селото Зовиќ познато по филмскиот мост, но и ливади идеални за пикник.
Ако вашиот избор е Прилеп, тогаш можете да направите излет и на брегот околу Прилепско Езеро.
Матка и Катланово
За сите што сакаат да го поминат 1-ви Мај во околината на Скопје, освен пикник во Градски парк или ден поминат на Водно, ви препорачуваме излет на Матка (покрај реката Треска) или во Катланово.
Крани и Отешево
Ако ваш избор е Ресен, тогаш можете да си организирате излет на ливадите во и околу селото Отешево или во Крани, покрај езеро.
Велешко Езеро
Брегот на Велешкото Езеро во Велес е идеален за празничен пикник - многу местенца покрај брегот на езерото, но и во околната шума.
Калин Камен
Над Крива Паланка, во близина на манастирот Св. Јоаким Осоговски, се наоѓа езерото Калин Камен - чист воздух и прекрасна природа, совршени за првомајски излет.
Уште 5 на следната страница...
Би можело да ве интересира:





