5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа

Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските градови што претходно не сте имале можност да ги видите. Наместо да одите на класичен одмор на плажа можете да изберете малку поинакви патувања на кои долго ќе се сеќавате.

5-interesni-opcii-za-lugjeto-koi-ne-sakaat-letniot-odmor-da-go-pominat-na-plazha-01.jpg

Во пресрет на летните одмори, зошто да не одберете нешто поразлично од стандардното уживање на море (или езеро).

Еве пет интересни опции кои можеби ќе ви се допаднат како интересна алтернатива.

Авантури низ Скандинавија

Да, за оваа опција ќе ви требаат повеќе пари од планираното, меѓутоа природните убавини на овој полуостров ќе ви понудат незаборавно патување.

Посетете ги главните градови на скандинавските земји, како и многуте музеи кои тие ги нудат. Прошетајте низ фјордовите на Норвешка, или видете зошто Финска и Данска се постојано во тесен натпревар за тоа која земја да биде земјата со најсреќен народ во светот.

Уживајте во пријатната атмосфера која ја пружаат прекрасните скандинавци и уживајте во оваа „Викингшка“ авантура.

Секако, за да ја прошетате цела Скандинавија веројатно ќе ви бидат потребни повеќе годишни одмори, па така препорачливо е да одите чекор по чекор, односно земја по земја.

 5-interesni-opcii-za-lugjeto-koi-ne-sakaat-letniot-odmor-da-go-pominat-na-plazha-02.jpg

Одмор на планина

Општо е познато дека планините се одлично одмаралиште за умот.

Само во Македонија имате избор од 70 планини кои можете да ги посетите, а да не зборуваме за надвор од нашата земја.

Доколку не сакате да планинарите до повеќето планини можете да стигнете со помош на вашиот автомобил (секако не до врвот).

Доколку, пак, сте љубители на возењето велосипеди, ќе откриете дека нема ништо поубаво од возење велосипед на планина. 

5-interesni-opcii-za-lugjeto-koi-ne-sakaat-letniot-odmor-da-go-pominat-na-plazha-05.jpg

Прошетка низ Европа

Доколку не сте биле на класичната апсолвентска екскурзија низ Европа, сега ви е шансата. Предноста е во тоа што не морате да ја следите стандардната шема, туку можете сами да си го направите планот за престој.

Одберете ги најубавите градови на „стариот континент“ и уживајте во убавините кои тие ги нудат.

Доколку сте биле на класичната апсолвентска екскурзија, секогаш можете да ги посетите местата кои не биле вклучени во тоа патување. 

5-interesni-opcii-za-lugjeto-koi-ne-sakaat-letniot-odmor-da-go-pominat-na-plazha-04.jpg

Прошетка низ Велика Британија

Со оглед на временските услови во останатиот дел од годината, летото се чини како најубав временски период за посета на оваа група на земји. Зошто да одите баш овде?

Стотиците замоци кои можете да ги посетите, како и најразличните музеи се доволно добра причина.

Љубителите на фудбалот и пивото сигурно би сакале да посетат некој од многуте барови во овие земји. 

5-interesni-opcii-za-lugjeto-koi-ne-sakaat-letniot-odmor-da-go-pominat-na-plazha-03.jpg

Концерт(и)

Љубителите на музиката знаат дека нема поубаво чувство од одење на концертот на омилениот бенд (или настапувач).

Со парите кои би ги потрошиле на одмор ова лето, сигурно можете да отидете на концерт во градот кој секогаш сте сакале да го посетите.

Летните авионски летови и „Airbnb“ ќе се погрижат да го посетите вашиот омилен град и да имате можност да го погледнете концертот на вашиот омилен музичар. 

5-interesni-opcii-za-lugjeto-koi-ne-sakaat-letniot-odmor-da-go-pominat-na-plazha-06.jpg

еНВи|Црнобело/фото:depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg