Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате?

Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите лични и работите на нивните блиски за да бидат осветени.

obichai-pri-doagjanjeto-i-zaminuvanjeto-od-manastirot-ostrog-shto-treba-da-ponesete-so-sebe-i-kako-da-se-odnesuvate-01.jpg

Манастирот Острог е еден од најпосетените во манастири во Црна Гора.

Неговите врати се отворени за верниците во секоја доба од денот.

На ова место верниците одат со чисто срце, со молитва, надеж и верба во моќта на исцелението на свети Василиј Острошки.

Луѓето доаѓаат во потрага по духовна утеха и лек за физичка и душевна болка, а случаите на исцелување овде се многубројни, а низ црногорскиот народ со векови се пренесуваат во вид на записи и приказни.

obichai-pri-doagjanjeto-i-zaminuvanjeto-od-manastirot-ostrog-shto-treba-da-ponesete-so-sebe-i-kako-da-se-odnesuvate-05.jpg

Како да се облечете?

Доколку сте верник, тоа ќе се одрази и на вашето однесување, но и на почитта кон светото место на кое доаѓате.

Таа почит треба да се гледа на вашето лице, но и на вашата гардероба, која треба да биде што е можно поскромна и едноставна. 

Избегнувајте кратки фустани, кратки панталони, кошули и блузи без ракави.

Во манастирот не можете да влезете со голи нозе или раце, што значи дека жените мора да носат долги здолништа, а мажите мора да носат долги панталони. 

Жените треба да имаат и марама на главата и затворени чевли.

Од верниците се очекува боси да се искачат од Долниот кон Горниот манастир, а има и многу примери на луѓе кои на колена оделе кон овој пат на прочистување.

obichai-pri-doagjanjeto-i-zaminuvanjeto-od-manastirot-ostrog-shto-treba-da-ponesete-so-sebe-i-kako-da-se-odnesuvate-07_copy.jpg

Што да понесете со себе?

Доколку имате желба и потреба, можете да понесете некои лични работи, ваши и на вашите најблиски, кои сакате да се осветат покрај ковчегот на свети Василиј Чудотворец Острошки.

Посетителите носат подароци како што се масло, сапун, кафе, шеќер или некаков паричен придонес за манастирот и монасите кои живеат таму. Ова не е задолжително, туку лична желба на верниците.

Од манастирот може да земете света вода, свето масло, темјан, нафора или икони.

Со овие осветени работи се мачкаат и прскаат сите кои не можеле да дојдат на Острог.

obichai-pri-doagjanjeto-i-zaminuvanjeto-od-manastirot-ostrog-shto-treba-da-ponesete-so-sebe-i-kako-da-se-odnesuvate-06_copy.jpg

Што да очекувате во манастирот?

Оние кои биле таму велат дека почувствувале мир и спокој, радост во срцето, а товарот и болката исчезнале.

Ако сте биле во Острог, сигурно сте биле сведоци на барем едно чудо. 

Секој кој оди на тоа свето место има своја приказна, која е моќна.

За посетителите на Острошкиот манастир е интересно што на лист хартија можат да ги напишат желбите за своите живи и покојни, кои за време на една од литургиите свештениците од овој манастир ќе ги прочитаат пред Бога и свети Василиј Острошки.

obichai-pri-doagjanjeto-i-zaminuvanjeto-od-manastirot-ostrog-shto-treba-da-ponesete-so-sebe-i-kako-da-se-odnesuvate-04_copy.jpg

Верниците кои доаѓаат да преноќат во манастирот имаат можност да преноќат и во конаците во Долниот или Горниот манастир.

Конаците се често преполни, па верниците спијат пред манастирот, но обезбедени им се ќебиња за да не им биде студено навечер.

На Острог се доаѓа со верба и молитва, а се заминува со спокој и среќа.

obichai-pri-doagjanjeto-i-zaminuvanjeto-od-manastirot-ostrog-shto-treba-da-ponesete-so-sebe-i-kako-da-se-odnesuvate-02_copy.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
Гратче во Италија со куќички како од бајка - Зошто да го посетите Алберобело? Кога ќе прошетате низ тесните улички и ќе ги погледнете белите куќи со конусни п...
Фото-прошетка низ Котор - црногорски град во кој посетителите секогаш се враќаат Црногорски град на прекрасното јадранско крајбрежје, Котор е местото кое не смее...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg