Лажни резервации за хотел и авионски билети – Како да ги избегнете измамите кога резервирате за одмор онлајн?

Не наседнувајте на лажни пораки со честитки дека сте добитник на бесплатно патување и авионска карта. Избегнувајте пред време да ја платите целата сума за патувањето.

Fokako-da-izbegnete-izmama-pri-onlajn-plakjanje-za-patuvanje-na-shto-nikako-ne-treba-da-kliknete-001.jpg

Пријавите за лажни авионски билети, лажни локации за резервации на хотели и изнајмувања на непостоечки автомобили стануваат сѐ почести.

Сезоната на летни и зимски одмори се период кога милиони патници резервираат летови и бараат сместување. За измамниците ова е најдобар период за заработка, а најмногу измами се случуваат токму при онлајн резервациите.

Многу жртви дознаваат дека биле измамени пред да отпатуваат или кога ќе пристигнат на аеродром или во хотел.

Токму затоа внимавајте на следниве работи пред да направите онлајн резервација:

Внимавајте на лажни веб-сајтови за патување

Лажните веб-сајтови за патување досега имаат направено најмногу измами.

Патници од целиот свет се жртви на веб-сајтовите кои продаваат лажни авионски билети, непостоечко сместување, лажни пакети за одмор и лажни изнајмувања на автомобили.

Онлајн измамниците стануваат сѐ понападни, користејќи pop-up и онлајн реклами за да ве намамат да кликнете на нивните веб-сајтови кои изгледаат исто толку добро како и вистинските.

kako-da-izbegnete-izmama-pri-onlajn-plakjanje-za-patuvanje-na-shto-nikako-ne-treba-da-kliknete-02.jpg

Како да проверите дали веб-сајтот е релевантен?

Првото нешто што треба да направите е да го проверите името на доменот. 

Секогаш проверувајте дали се работи за име на домен од највисоко ниво (TLD или top-level domain) што го користи суфиксот: .com, а не .org или .net. 

Легитимните веб-сајтови не го користат суфиксот .net (некогаш го користеа само интернет компании) или суфиксот .org (главно го користат непрофитни организации, колеџи и универзитети). 

Овие суфикси ги користат и измамниците.

kako-da-izbegnete-izmama-pri-onlajn-plakjanje-za-patuvanje-na-shto-nikako-ne-treba-da-kliknete-003.jpg

Бидете особено внимателни кога плаќате онлајн

Кога станува збор за онлајн плаќањата, секогаш бидете многу внимателни. 

Безбедните веб-сајтови користат шифрирање и автентикација за да ја заштитат вашата трансакција. 

URL-адресата започнува со „https“ и вклучува икона за заклучување, позната и како SSL сертификат. 

Денес, повеќето веб-прелистувачи ве предупредуваат кога веб-сајтот не е безбеден. Но, секогаш бидете многу внимателни.

Не оставајте податоци од картички за плаќање на недоверливи сајтови бидејќи можат да бидат злоупотребени.

kako-da-izbegnete-izmama-pri-onlajn-plakjanje-za-patuvanje-na-shto-nikako-ne-treba-da-kliknete-05.jpg

Бесплатните авионски карти се измама

Ако добиете порака со честитка за победата на наградна игра на авиокомпанија, најверојатно станува збор за измама. Авиокомпаниите обично преку СМС испраќаат само информации за летовите и новитетите.

Не паѓајте во искушение да кликнете на линк од која било СМС порака што вели дека сте победиле на наградна игра на авиокомпанија.

Истото важи и ако добиете ваква порака на мејл или социјални мрежи, дури и ако пораката ви изгледа дека е пратена од легитимна компанија.

Ниту една авиокомпанија не дава бесплатни летови, а измамниците знаат како да направат за пораките да изгледаат веродостојни.

kako-da-izbegnete-izmama-pri-onlajn-plakjanje-za-patuvanje-na-shto-nikako-ne-treba-da-kliknete0-02.jpg

Избегнувајте многу ниски цени на хотелски соби

Ако сомнителна онлајн страница за хотели се обиде да ве привлече со неверојатно ниска цена или зделка, со сигурност станува збор за измама.

Ако понудената соба или апартман изгледа премногу добра за цената што се нуди, јавете се директно на бројот за услуги на клиенти на хотелот. 

Откако ќе разговарате за цената на собата, побарајте препораки и за локални ресторани и атракции. 

На овој начин може да дознаете дали станува збор за обучен агент или за измамник.

Имајте предвид и дека доколку онлајн нема никаква рецензија за местото од други туристи, најверојатно станува збор за измама.

kako-da-izbegnete-izmama-pri-onlajn-plakjanje-za-patuvanje-na-shto-nikako-ne-treba-da-kliknete-07.jpg

Не плаќајте голема сума пари однапред

Замислете да патувате на подолга дестинација, а кога ќе пристигнете до хотелот или апартманот, да сфатите дека немате резервација.

Ваквите измами се сѐ почести.

Легитимните хотелски сајтови најчесто земаат ваши информации за плаќање, а ви наплаќаат кога ќе стигнете во хотелот.

Ако хотелот наплати депозит за резервација на соба или нуди попуст за однапред плаќање, сето ова треба јасно и транспарентно да се соопшти кога се прави резервација. 

Доколку нема такво нешто или страницата бара целосно плаќање, најверојатно станува збор за измама.

kako-da-izbegnete-izmama-pri-onlajn-plakjanje-za-patuvanje-na-shto-nikako-ne-treba-da-kliknete-08_copy.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com, pixabay.com, pexels.com

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...
8 најубави патувања со воз низ планини - глетки од кои застанува здивот Glacier Express во Швајцарија патува по планински премини и притоа пом...
5 дестинации на Медитеранот, совршени за бегство од реалноста во пролет Шарените куќи во Чинкве Тере или старите градби во Малта - која ќе биде вашата м...
8 европски дестинации со пријатни температури за патување во месец мај Доколку планирате одмор во непосредна близина, секако на оваа листа е нашиот јуж...
Плажи на Кипар што вреди да се посетат (и што треба да знаете за нив) Кои се најпосетените плажи на Кипар, а за кои малкумина знаат? Во продолжение из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg