6 романтични дестинации во Европа, идеални за патување со партнерот

Зошто да не го поминете Денот на вљубените во Париз кој важи за најромантичниот град во светот?

6-romantichni-destinacii-vo-evropa-idealni-za-patuvanje-so-partnerot-01.jpg

Ако годинава сакате да направите нешто посебно за Денот на вљубените, можете да го изненадите партнерот со романтично патување.

Низ Европа има безброј места чиј шарм ги прави идеални дестинации за патување со партнерот.

Шест од најромантичните градови во Европа:

Париз, Франција

За многумина, Париз е најромантичниот град и е идеална дестинација за парови, посебно за Денот на вљубените.

Можете да направите романтични фотки пред Ајфеловата кула, да се „изгубите“ низ Лувр или да уживате во некој романтичен ресторан со вкусна храна.

6-romantichni-destinacii-vo-evropa-idealni-za-patuvanje-so-partnerot-02.jpg

Рим, Италија

Рим е инспирација за безброј љубовни приказни – во филмови, книги, песни...

Богатата историја, преубавата архитектура, бројните локали со превкусна храна се доволна причина да го поминете Денот на вљубените во престолнината на Италија.

6-romantichni-destinacii-vo-evropa-idealni-za-patuvanje-so-partnerot-03.jpg

Барселона, Шпанија

Барселона е една од најпопуларните дестинации во Шпанија со причина.

Уникатните градби на шпанските архитекти, убавите зајдисонца и превкусната храна се само дел од причините зошто да ја однесете саканата личност во Барселона.

6-romantichni-destinacii-vo-evropa-idealni-za-patuvanje-so-partnerot-04.jpg

Амстердам, Холандија

Изминативе неколку години, Амстердам станува мошне популарна дестинација за запросувања, а на градот не му недостасуваат романтични места во кои можете да уживате со саканата личност.

6-romantichni-destinacii-vo-evropa-idealni-za-patuvanje-so-partnerot-05.jpg

Венеција, Италија

Венеција е идеален избор за патување со партнерот поради многуте атракции, историските знаменитости, но и возењето со гондола што е мошне романтично искуство.

6-romantichni-destinacii-vo-evropa-idealni-za-patuvanje-so-partnerot-06.jpg

Будимпешта, Унгарија

Престолнината на Унгарија се претвора во една од најпопуларните Европски дестинации.

Градот има посебен шарм поради старата архитектура, а и овде не недостасуваат романтични места на кои ќе поминете незаборавни мигови со партнерот.

6-romantichni-destinacii-vo-evropa-idealni-za-patuvanje-so-partnerot-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
Најубавите и најпопуларните дестинации за 2025-та, според Tripadvisor Лондон е прогласен за најдобра дестинација и во Европа, и во светот, додека на л...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg