Манастири во Македонија кои вреди да ги посетите - тука верниците го наоѓаат својот духовен мир

Скриени во недопрената природа манастирските комплекси во нашата земја се вечни чувари на историјата. Кои манастирски комплекси во Македонија задолжително треба да ги посетите, барем еднаш во животот?

manastiri-vo-makedonija-01.jpg

Македонија изобилува со цркви и манастири каде посетителите можат да го пронајдат својот духовен мир.

Не само што ќе ве воодушеват иконите, иконостасите, историјата на секој од нив, мирот кој ќе го почувствувате нема цена.

Во продолжение неколку предлог манастири во Македонија кои мора да ги посетите:

Јован Бигорски (Дебар)

Сместен по течението на реката Радика, на патот помеѓу Гостивар и Дебар како нем чувар на времето стои Бигорскиот Манастир, Св. Јован Крстител.

Основан е во 1020 година од страна на монахот Јован Дебранин, а го добил името бидејќи објектот бил изграден од бигор.

Се верува дека иконата на Св. Јован Крстител има чудотворна моќ.

Според преданијата монахот кој се смета за основач на манастирот, ја пронашол иконата, односно таа сама дошла до местото каде што подоцна бил изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика.

Манастирот бил запален од отоманските војници во XVI век, а иконата мистериозно исчезнала, но потоа се вратила во манастирот неоштетена.

Се верува дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца.

Јоаким Осоговски (Осоговски планини)

Сместен во срцето на Осоговските планини манастирот Свети Јоаким Осоговски или познат уште како Осоговски манастир посветен е на светецот Јоаким Осоговски.

Основан е уште во XII век, познат и по името Сарандапор.

Рајчица (Дебар)

Во непосредна близина на Бигорскиот манастир сместен е женскиот манастир Рајчица.

Во овој манастир 179 години се чува дел од крстот на кој е распнат Исус Христос и на кој верниците традиционално му се поклонуваат.

Марков Манастир (Скопје)

На само 20 километри од Скопје сместен е Марков манастир каде и денес има женско монашко сестринство.

Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанарија.

Викендот најчесто е резервиран за посетителите кои сакаат да го поминат на мирно место уживајќи во природата.

Св. Ѓорѓија (Старо Нагоричане)

Овој средновековен храм е сместен во срцето на селото Старо Нагоричане, а особено е интересно да се посети ќелијата на македонскиот светител Прохор Пчињски која е во непосредната близина на манастирот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg