Манастири во Македонија кои вреди да ги посетите - тука верниците го наоѓаат својот духовен мир

Свето Преображение (Зрзе)

Манастирот е сместен на јужните падини на планината Даутица, во близина на селото Зрзе.

Бил изграден во XIV век од страна на монахот Герман.

Лесновски манастир (Пробиштип)

Лесновскиот манастир е посветен на Свети Гаврил Лесновски и е сместен во с. Лесново, Пробиштипско.

Тој е духовно светилиште и е еден од најчесто посетуваните манастири во Македонија.

Не само што со своето постоење раскажува историја, овој манастир е познат и по својата моќ да лекува болни лица.

Манастир Свети Архангел Михаил (Берово)

Уживајќи во планинското сонце барајќи го своето духовно светилиште, упатете се кон женскиот манастир Свети Архангел Михаил во Берово каде речиси два века опстојува женското монаштво.

Манастир Свети Никита (Скопска Црна Гора)

Датирајќи од 13-ти кон 14-ти век манастирот Св. Никита кој се наоѓа на падините од планината Скопска Црна Гора привлекува голем број верници.

Се верува дека каменот кој се наоѓа на средината на манастирот наречен „љубовниот камен“ под кој се закопани коските на самиот светител помага на жените кои немаат рожба.

Сливничкиот манастир посветен на „Рождество на пресвета Богородица“ (Преспа)

Сливнички манастир или „Рождество на пресв. Богородица“ е сместен на падините на Баба Планина во долнопреспанското село Сливница а изграден е во 1607 година.

Во дворот на манастирот постои чешма за која се верува дека е света и лековита вода која лекува од болести и помага за пород.

В. К. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg