Практичен водич за деловни патувања: Што да понесете и како да се спакувате?
Облеката што ќе ја понесете зависи од должината на патувањето. Но, за тридневно патување, генерално доволно ви се три блузи или кошули, два пара панталони и два пара чевли – еден елегантен и еден удобен пар.
Пакувањето за деловно патување секогаш се разликува од она за на одмор.
Обично за деловните патувања немате многу време за планирање, па важно е да бидете брзи и ефикасни.
Во продолжение, неколку совети што ќе ви бидат од помош:
Понесете мал куфер, како рачен багаж
Малиот куфер може да биде сосема доволен за патување до пет дена.
Па, ако често одите на деловни патувања, вреди да си купите еден.
На деловните патувања треба да оставите впечаток на професионалност и ефикасност, па не е препорачливо да одите со огромен куфер како за на одмор.
Купете катанец за куферот
Кога одите на деловно патување, веројатно со вас имате лаптоп и други вредни работи.
Затоа треба да обрнете посебно внимание на безбедноста.
Немојте да носите многу продукти за убавина
Нема потреба да носите цел куп продукти за убавина. Не заборавајте и дека во хотелите секогаш има некои продукти, како шампони.
Доволно е да спакувате паста и четка за заби, антиперспирант, крем и средство за чистење лице и парфем.
Од шминки, понесете го само неопходното, како пудра, маскара и кармин.
Што да спакувате од облека?
Во овој случај важно е и колку трае патувањето. Истовремено, потрудете се да спакувате облека во која се чувствувате удобно.
Во продолжение, облека што ќе ви биде доволна за тридневно патување:
- Три блузи или кошули – две за формални настани и една за лежерна комбинација, во случај да имате време за шетање
- Два пара панталони или здолништа – еден пар за формални настани и еден за лежерна комбинација
- Еден фустан – најдобро е да спакувате едноставен фустан кој можете да го носите и на деловен настан, и на прошетка
- Еден блејзер – спакувајте модел што ќе можете да го комбинирате со останатата облека
- Три пара чорапи и долна облека
- Пижами
- Два пара чевли – еден пар елегантни, како штикли, за формални настани, и пар ниски, удобни чевли
Спирова С. | Црнобело