Милано? Посетено. Париз, Барселона, Будимпешта… Берлин и Амстердам. Доста е веќе од европски метрополи и гиганти, ги знаеме наизуст. Не само што се слични едни на други, туку ни овозможуваат и исти доживувања, што на веќе искусните патувачи не им претставува никаков предизвик.
„Радоста на децата кога го поставувавме шаторот беше неизмерна. Нема поубаво чувство од будење во природа, непроценливо е искуството за целото семејство“ – ни раскажува Михал Вит, кој потекнува од Чешка, но живее во Македонија, за кампувањето со неговите сакани во Маврово.
Конечно го посетив овој италијански бисер. Бев премногу возбудена си ги замислував разнобојните куќи, тесните улички со стара калдрма и малото пристаниште полно со јахти и бродчиња, сè што гледав на Инстаграм... Но, зошто реалноста ме разочара?
Кога помислувате на грчки острови, први на памет сигурно ви паѓаат добропознатите Крит, Крф, Амуљани, Лефкада, Санторини, Миконос... Но, дали ги знаете скриените дијаманти на Грција? Ќе се вљубите инстантно...
„Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од неверојатно широката песочна плажа и најмагичното селце кое го видов во близина, но многу долго време е плитко кога влегувате во вода, а има и комарци... Сепак, Неи Пори ми беше вистински избор за релаксиран одмор во јуни.“
Ако и вие како многу Македонци годинава се одлучите да летувате во Сарти, ви препорачуваме неколку прекрасни плажи во близина кои вреди да ги посетите, ако не сакате секој ден да го поминете на локалната плажа.
Сините пештери на Закинтос и Мелисани на Кефалонија се едни од најубавите пештери во Грција во кои можете и да пливате.
„Изворот случајно го открила прабабата на денешниот сопственик додека палела нешто во близина и пламенот случајно завршил во водата, но не се изгаснал, туку продолжил да гори“ – хрватската блогерка Вана Бојовиќ сподели видео од минералниот извор на Јамајка во кој водата гори како гас.
„Вторпат го посетив Скопје и моите позитивни импресии за градот не се сменија - прекрасен град со неверојатни луѓе. Дури и таксистите што ме возеа беа пријатниа и не се обидоа да ме измамат (а тоа зборува многу). Охрид е спектакуларен, а поради Матка вреди да скршнете од патот и да го посетите овој природен резерват“, вели Холанѓанецот Лук Патрик кој е воодушевен од Македонија.
Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го во најскоро време...
Некои патувања се создадени за авантура, а не само за туристички разглед. Затоа, ви предлагаме 4 интересни патувања и дестинации кои треба да ги истражите додека патувате со (изнајмен) автомобил. И само да уживате.
Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од најегзотичните плажи близу Кавала. Тиркизната вода и златниот песок даваат прекрасен контраст на зелената шума зад неа. Ова е една од најпопуларните плажи во регионот, па ако сакате да фатите добро место, дојдете порано наутро. Дали некогаш сте посетиле некоја од прекрасните плажи во близина на Кавала?
Рока Имеријале е село со околу 3.000 жители во областа Калабрија во Италија. Импресионира на прв поглед со својата необична форма, бидејќи сите куќи во селото се изградени на рид една над друга. Тесните камени калдрми, дрвјата со лимони и замокот што стои на врвот на селото, го прават волшебно место.
Хитхорн е едно од најубавите и необични места во Холандија - во ова село, куќите се како од бајка, нема автомобили, а наместо патишта, куќите ги поврзуваат канали. Токму поради ова, го нарекуваат холандската Венеција.
Островот е познат по своите неверојатни пејзажи, кристално чисти води и спој на културни влијанија од различни цивилизации кои го обликувале неговиот идентитет.
Истанбул, енергичната метропола која опфаќа два континента, не е познат само по својата богата историја и културно наследство, туку и по своите неверојатни крајбрежни области кои ги воодушевуваат локалното население и туристите.
Будење со утринско кафе и бранови, потоа уживање во некој од специјалитетите на кујната и завршување на денот со освежителен коктел во неверојатна атмосфера под сонцето – звучи примамливо, нели? На само 20 минути возење од Солун се наоѓа еден од најубавите грчки бич барови.
„Луди цени, дури и за Миконос“ – стои во извештајот на Tripadvisor каде што голем број туристи се пожалиле за високите сметки што ги платиле во ресторанот DK Oyster на Миконос. За озлогласениот ресторан пишуваат и голем број британски медиуми, кои тврдат дека ресторанот наплаќа 150 евра за шише вода, а 100 евра за обичен коктел.