Дестинација за сите сетила – Азорските острови во Атлантскиот Океан

Речиси секоја држава поседува свои скриени територии, кои не се преплавени со безобѕирни туристи и во нив не се вложуваат илјадници евра за промоција. Тоа се места кои со својот молк и прикриеност на оние, среќниците, им овозможува посебна интимност, им открива запрепастувачки панорами и каде можат да поразговараат со локалците кои со нетрпение чекаат да зборуваат за постоечките убавини.

destinacija za site setila azorskite ostrovi vo atlantskiot okean 2

Португалија е земја која поседува неисфорсирани места, кои сè уште ја задржале природноста, а вистински пример за тоа се Азорските острови кои се составени од девет вулкански острови и се наоѓаат во Атлантскиот Океан.

Ако некогаш животните патишта те одведат на Азорските острови, биди подготвен да се претопиш во еден зелено-син свет.

Наместо да се соочиш со огромни булевари, модерна архитектура и еден куп техно клубови, ќе налеташ на езера кои се наоѓаат во заспани вулкански кратери, водопади, пештери, како и плантажи со чај, извори на термална вода, а тука се и делфините кои ќе ви изнудуваат насмевка на лицето секогаш кога ќе ги здогледате.

destinacija za site setila azorskite ostrovi vo atlantskiot okean 4

Од досегашното искуство на патниците, Азорските острови пред сè се наменети за љубителите на природата, оти во тоа се состои и целата убавина.

Токму поради тоа може да очекувате и какви активности ќе имате на располагање: планинарење, риболов, сурфање, истражување на преку 300 видови на птици, нуркање под вода и истражување на подводниот свет.

destinacija za site setila azorskite ostrovi vo atlantskiot okean 7

Кога сме веќе кај плажите, нивната убавина посебно се издвојува. Покрај оние со бел песок, ќе налетате и со црн, што е резултат на вулканските ерупции. 

Praia Formosa се смета за најубавата плажа на Азорските острови, но мора да имате предвид дека најчесто водите на Атлантскиот океан се многу ладни, така што капењето е само за најиздржливите. Но, затоа постојат термални извори каде со часови може да се киснете во вода.

destinacija za site setila azorskite ostrovi vo atlantskiot okean 6

Како точки што треба да ги посетите ќе ги потенцираме двата кратери Lagoa das Sete Cidades и Lagoa das Furnas. Може да ја искачите и највисоката планина во Португалија, која се наоѓа на островот Pico со лозови насади кои се заштитени од UNESCO, а островот Sao Miguel е најголем и по површина и по бројот на жители.

Токму таму ќе имате чест да ја пробате вкусната морска храна, да се запознаете со локалците и да си набавите по некој сувенир од малите продавнички. Освен тоа, треба да им се даде шанса и на останатите острови, кои со помош на траект може лесно да се стигне до нив.

destinacija za site setila azorskite ostrovi vo atlantskiot okean 10

На крај, не ни преостанува ништо друго. Рамнодушни никако не може да останеме, освен да одлучиме дека барем еднаш во животот ќе ги посетиме Азорските острови, како вистинска дестинација за уживање на сите сетила.

destinacija za site setila azorskite ostrovi vo atlantskiot okean 11

destinacija za site setila azorskite ostrovi vo atlantskiot okean 11

destinacija za site setila azorskite ostrovi vo atlantskiot okean 11

destinacija za site setila azorskite ostrovi vo atlantskiot okean 11

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg